палачинки во форма на срце 1

Мини палачинки во форма на срце

Верувајте дека ни приближно не можете да претпоставите колку им е добар вкусот на нашите палачинки во форма на срце! Ги направивме со многу внимание и тоа по повод празникот на љубовта, па не случајно формата е во вид на срце. Меки се и воздушести, неодоливо ароматични. Што и да ви кажеме малку е, ќе знаете само ако ги направите и самите. Топло препорачуваме да ги пробате.

Одличен свеж вкус и арома на која навистина не може да се одолее! Комбинацијата на палачинки и овошје е совршенство за денот на вљубените. Направете ги овие палачинки за саканиот/саканата и заедно уживајте во нивниот вкус.

палачинки во форма на срце 2

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 зрела банана
  • 3-4 јаготки зависно од големина (може да користите свежи или замрзнати)
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 1 чаша овесни снегулки
  • ½ ќесичка прашок за печиво.

Подготовка:

  1. Овесните снегулки ставете ги во блендер и миксирајте додека добиете брашно.
  2. Брашното од овесни снегулки измешајте го со печивото.
  3. Продолжете со припрема на јајцата. Најпрво одделете ги белките од жолчките.
  4. Во сад, со помош на миксер изматете ги белките до цврст снег.
  5. Жолчките изматете ги во друг сад, а потоа во него додадете ја претходно испасираната банана и ситно сечканите јаготки.
  6. Во садот со изматените жолчки додајте го екстрактот од ванила и измешајте.
  7. Потоа, постепено додавајте од цврстиот снег од белки, па кратко изматете со миксерот.
  8. Претходно припремените суви состојки, односно смесата од овесот и прашокот за печиво додајте ја во садот со изматените јајца.
  9. Тавата за палачинки загрејте ја на умерено висока температура. Со помош на лажица или готварски шприц во тавата исцртајте палачинки во форма на срце. Штом на површината ќе забележите појава на меурчиња, палачинката превртете ја да се печи на другата страна. Како полесна алтернатива може да биде, да направите кружни форми од кои подоцна ќе исечете срца.
  10. Готовите палачинки во форма на срце, декорирајте по желба со џем од јагоди, шеќер во прав или свежо овошје како најдобар прилог. На здравје! 🙂

Ви препорачуваме да прочитате: Енергетски чоколадни бомбици со кокос и овес без шеќер.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: