Брза проја со сирење – од кујната на Марија Кочовска

Превкусна! Оваа брза проја со сирење е одлична за појадок, а што е најважно многу е едноставна за подготовка. Многу ја обожаваат, па решив да го споделам мојот лесен рецепт за проја со сирење која се прави без миксер. 

Брза безглутенска проја со кашкавал

,,Нешто традиционално од мојата кујна, но со нов шмек! Овој пат ви припремив супер брза и безглутенска проја со кашкавал и вкусот е одличен! Нема ниту малку бело брашно и изобилува со полн вкус кој ќе го запаметите!”  – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

проја мафини 1

Здрави проја мафини – лесен и брз појадок

Кога еднаш ќе ги пробате овие вкусни проја мафини, верувајте дека ќе ви станат омилен појадок. А, тоа што се здрави е мотивација плус што почесто да бидат дел од неделното мени. Може да послужат и како ужина дома или на работа.

Брзи проја мафини 1

Брзи проја мафини

За добро утро и убав почеток на денот, направете ги овие брзи проја мафини. Сервирајте си ги нив и топло црно кафе или чај и препуштете се на уживањето. Супер се и ако сакате да ги понесете на работа, на пикник или за планинска авантура!

Безглутенска проја со блитва и сирење 1

Безглутенска проја со блитва и сирење

Безвременски рецепт кој освојува секој пат и во секоја варијанта! Оваа безглутенска проја со блитва и сирење нема ниту малку бело брашно, а превкусна е! Ги обожаваме ваквите залчиња, а што е најважно секогаш ги делиме со пријателите и ги дегустираме заедно за уживањето да е уште поголемо!

Овесна проја со семиња, изварка и свеж босилек 1

Овесна проја со семиња, изварка и свеж босилек

Кога имаме набавено квалитетни состојки во домот, воопшто не е тешко да се смисли креативен рецепт. Инспирацијата за оваа овесна проја со семиња, изварка и свеж босилек, беше една наша млада гостинка која обожава здраво да се храни и внимава на својата линија и здравје. Во оваа проја нема масло, ниту млеко, а неодоливо е вкусна!

рецепт за проја со јогурт

Брза проја со јогурт и сирење

Пројата традиционално се приготвува на балканските простори. Таа е вкусна пита која се припрема со пченкарно брашно. Многу често при подготовка на проја се користат млечни производи, па овој пат за сите љубители на проја, споделуваме рецепт за брза проја со јогурт и сирење.

Здрава проја со моркови и ленено семе – без глутен

Специјално за сите обожаватели на здрави оброци, припремивме за вас уште еден рецепт за вкусна проја со моркови и ленено семе. Слично како и претходно објавените рецепти за здрава проја со блитва и здрава проја со семиња  не содржи глутен, и погодна е за сите кои внимаваат на телесната тежина да биде во рамките на нормала.

Здрава проја со семиња - без глутен

Здрава проја со семиња – без глутен

И овој рецепт за здрава проја со семиња доаѓа директно од нашата кујна. Пред да ви го предложиме ние го пробавме и можеме да ви потврдиме дека вкусот е пријатен и пожелен за почеста консумација и тоа од сите членови на семејството. Слично како и пројата со блитва, може да го користите и како замена за леб, не дебели и погодна е за малку порестриктивен режим на исхрана или подобро речено за избор на здрава листа на храна.

Здрава проја со блитва – без глутен

Рецептов за оваа здрава проја со блитва доаѓа директно од нашата кујна, испробан е и ви гарантираме дека ќе посакате да го направите пак. Супер е како замена за леб, без глутен е, не дебели и погодна е за диета.