посна проја со шампињони

Посна проја со печурки

Сликата кажува се! Топла или ладна, оваа посна проја со печурки е идеална за појадок или ужина. Брзо и лесно може да ја направите со само неколку едноставни состојки.

Рецептот е испробан во кујната на Катерина, а додатокот од свежи печурки и дава фантастичен вкус. Направете ја и не заборавајте да ни напишете коментар како ви се допаднала.

посна проја

Состојки:

  • 1 чаша пченкарно брашно
  • ½ чаша пченично брашно
  • ½ чаша интегрално брашно
  • ½ чаша масло
  • 1½ чаша газирана вода
  • 1 лажичка сол
  • 250 гр свежи шампињони
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 2 лажици ленено семе.

Подготовка:

  1. Во подлабок сад измешајте ги трите вида брашно, прашокот за печивото и солта.
  2. Додајте го маслото, газираната вода и измешајте убаво со жица за матење за да не останат грутки.
  3. Печурките исечете ги на тенки листови и додајте ги во смесата. Измешајте уште еднаш.
  4. Истурете ја смесата во сад за печење (претходно премачкан со масло и набрашнет). По желба во тавата може да ставите хартија за печење.
  5. Пројата посипете ја со лененото семе. Тавата ставете ја во загреана рерна да се пече на 200 степени за време од 35-40 минути. Потоа, тавата извадете ја од рерната и покријте ја со кујнска крпа. Печената посна проја оставете ја кратко да се излади, а потоа исечете ја на парчиња и послужете. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: 3 испробани рецепти за проја без глутен.

Сподели: