Цветните топки се идеален подарок за 8-ми Март, за роденден, свадба или друг свечен момент. Па, наместо да давате многу пари за цветни топки, ви предлагаме да ги направите сами.
Авокадото спаѓа во најпопуларните овошја, со оглед на тоа што има хранлива вредност слична на одредени јаткасти плодови и семиња. Следен пат штом купите авокадо, не ја фрлајте семката. На многу лесен начин може да пораснете дрво од авокадо кое што има декоративен изглед и одлично би се вклопило во вашиот дом.
„Широко достапната Иванова трева (Galium verum) со векови се користела за правење на ливадски венчиња, а традиционално е позната како растение кое лечи бројни заболувања на внатрешните органи и кожата. Обично ја берам крајот на јуни или почетокот на јули. И самото нејзино име кажува дека треба да се бере во деновите блиски до Иванден. Па, токму сега е периодот да ја споделам оваа корисна информација!“- вели Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим, која е љубител на природата и нејзините богатства кои се во корист на здравјето.