Направете цветни топки од филтер за кафе

Цветните топки се идеален подарок за 8-ми Март, за роденден, свадба или друг свечен момент. Па, наместо да давате многу пари за цветни топки, ви предлагаме да ги направите сами.

Дали некогаш сте помислиле колку е лесно да се направат цветни топки? А сега ви претставуваме креативен и лесен начин за изработка на елегантни цветни топки кои секој може да ги направи.

Ајде да започнеме! Се што ви е потребно за цветните топки се филтри за кафе, дрвени стапчиња за ражничи, силиконски пиштол или лепило, ножици, прехранбена боја и мала топка од стиропор.

Техника за изработка на цветни топки од филтер за кафе

  1. Пред да започнете важно е да знаете колку топки сакате да направите. За еден цвет потребни ви се 6 до 8 филтри за кафе, а за да направите поголема топка ви требаат од 12 до 15 цветови.
  2. Во длабок сад ставете вода и додајте неколку капки црвена прехранбена боја. Измешајте со лажица.
  3. Во садот со бојата ставете ги филтрите за кафе, а потоа наредете ги врз поголема тава и оставете ги да се исушат.
  4. Потоа, наредете три филтри еден врз друг. Превиткајте ги на половина, а потоа уште превиткајте ги уште еднаш како што е прикажано на видеото.
  5. Со помош на ножица горниот крај исечете го. Отворете ги филтрите и во средината ставете го дрвеното стапче. Прицврстете ги со помош на силиконски пиштол или со лепило. На секое стапче поставете 6 до 8 филтри.
  6. Цветовите свиткајте ги кон средината на стапчето. Стапчето скршете го и поставете го врз топката од стиропор. Постапката повторете ја и со преостанатите филтри. Така ќе добиете убави цветни топки кои се спремни за украсување на домот или подарување.

Ви предлагаме да прочитате: Направи сам: роза од салфетка.

Сподели: