Carpe Diem креира нова димензија во вкусот на здравата исхрана 1

Carpe Diem креира нова димензија во вкусот на здравата исхрана

Модерниот начин на живеење, полека, но со сигурно темпо, веќе ги отфрла класичните традиции во секојдневната исхрана. Сè повеќе луѓе го заштедуваат времето поминато во приготвување на храна во домашни услови, а истото го посветуваат на сè почесто присуство во рестораните. Ограничени од динамиката на модерното време, здравите и хранливи оброци се често занемарени посебно од младата популација, креирајќи нездрави навики кои во социјалните кругови се реплицираат по автоматизам преку домино ефект.