Посна погача со маслинки и зачини

Ако сте љубител на печива тогаш немојте да се двоумите да ја подготвите вкусна декоративна посна погача. Освен што одлично изгледа, оваа посна погача од нашата пријателка од блогот Trydiani, е збогатена со ароматичниот вкус на босилек, рузмарин, лук кој е дополнет со карактеристичниот вкус на маслинките. Вреди да се проба!

шпагети болоњезе

Шпагети со болоњезе сос

Болоњезе е познат италијански сос, кој се приготвува од мелено месо, а потекнува од Болоња, Италија. Традиционално овој сос се служи со таглиатели, но може да се послужи и со останатите тестенини како шпагети и макарони.

летно макало

Македонско традиционално макало

Искористете ги деновиве и направете си превкусно летно макало од пресни печени пиперки, лукче, домат и магдонос. Одлично е! Се надополнува со разни јадења со месо, посебно оние кои се печени или приготвени на скара и овозможува уживање на кое цело друштво нема да може да одолее.

салата панзанела

Рецепт за популарната италијанска салата Панзанела

Панзанела е многу популарна летна италијанска салата која се припрема со домати и свежо печен леб. Понекогаш во салатата се додава кромид и босилек, со додаток на прелив од маслиново масло и киселина.

4 трикови против непријатни миризби

Мислите дека ги знаете сите тајни за отстранување на непријатни миризби? Се потрудивме да ги издвоиме оние најдобрите, кои веројатно не сте ги слушнале досега. Многу едноставно ослободете се од сите мириси кои ви пречат.

Маска од домати против акни и митесери

Доматите се одлична храна која е значајна за убава кожа. Консумацијата на домати овозможува природана заштита од УВ зраците на сонцето и влијае за подмладување на кожата. Доматите се богати со ликопен, моќен антиоксиданс кој има голем број придобивки за кожата вкачувајќи:

6 намирници за здраво срце и крвни садови

Здраво срце и крвни садови се гаранција за што подолг, но и што поквалитетен живот. Покрај препораките за редовна и умерена физичка активност, наоѓањето начини за справување со стресот и намалување на неговото влијание, исхраната е еден од клучните фактори за  го зачувате здравјето на вашиот кардиоваскуларен систем и навреме да ги заштитите вашето срце и крвни садови.

Солени мафини Капрезе

Познатата салата Капрезе претставува многу популарна, силно ароматична и исклучително вкусна композиција од домати, сирење моцарела, масло и босилек. Нашата пријателка Диана на нејзиниот блог Trydiani, состојките на оваа салата ни ги претстави во интересна верзија како солени мафини Капрезе. Одлично изгледаат и вреди да ги пробаме!

домати

Домати – здрава храна и моќни чувари на здравјето

Доколку барате идеална храна со малку калории, а многу витамини и минерали, консумирајте домати. Поради своите енергетски, хранливи и лековити вредности, доматите често пати се наоѓаат на нашите трпези во салати и различни јадења.

кујнски трик за брзо сечење домати

Кујнски трик – Исечете 20 домати за 5 секунди

Сигурно се прашувате каков е тој кујнски трик со кој е можно да исечете 20 домати за 5 секунди?! Да, можно е, погледнете кои чекори треба да ги следите за да можете да го изведите фантастичниов кујнски трик и пробајте да сечете најбрзо повеќе домати одеднаш! На забавен и брз начин подобрете ги вашите вештини, доволни ви се само неколку секунди и еден потег да ги исечете сите домати на половина. 

Рецепт за шопска салата

Шопската салата е едно од македонските традиционални салати, а освен кај нас, карактеристична е и за Бугарија и Србија. За потекло на оваа салата се зема регионот околу Шоплук препознатлив по доброто сирење кое што жителите го користеле во најразлични јадења. Името шопска салата го добила според словенското племе Шопи кое живеело на тој регион.