4 трикови против непријатни миризби

Мислите дека ги знаете сите тајни за отстранување на непријатни миризби? Се потрудивме да ги издвоиме оние најдобрите, кои веројатно не сте ги слушнале досега. Многу едноставно ослободете се од сите мириси кои ви пречат.

трикови против непријатни миризби

Екстракт од ванила против непријатни миризби во просторија

Стар трик, за кој сигурно немате слушнато. На сијалица нанесете капка екстракт од ванила, а кога ќе ја вклучите нејзината топлина ќе влијае да се ослободи прекрасен мирис.

Паста за заби против непријатни миризби на раце

Состојките во пастата за заби кои ја освежуваат вашата уста, исто така делуваат и на вашите раце. Така, ако се занимавате со некоја работа и на рацете ви остане непријатен мирис (на пример, сечкање кромид) исплакнете ги рацете со пастата за заби и тие ќе мирисаат прекрасно.

Сок од јаболко против непријатни миризби од цигари

Мирисот на чад од цигарите може да се отстрани со помош на сок од јаболко. Една опција е да ставите крпа во сокот од јаболко и да ја протресете неколку пати во воздухот. Или пак, во помал сад ставете од сокот и поставете го некаде каде што повеќе ќе се чувствува мирисот.

Сок од домати против непријатни миризби на пластика

Доколку користите пластични садови, најбрз начин да се елиминира непријатниот мирис од нив е да ставите малку сок од домати и темелно да исчистете, а потоа исплакнете со млака вода.

Сподели: