Како да изберете и чувате ѓумбир?

Ѓумбирот често се користи во индиската и кинеската медицина, а како резултат на неговите превентивни и лековити својства и нутритивниот состав, се повеќе се наоѓа на нашите трпези. Познато е дека ѓумбирот превенира појава на настинки и грип, ја одржува нормалната циркулација на крвта, го подобрува варењето на храната, го зајакнува имунитетот, превенира појава на канцер на дебелото црево и го намалува воспалението и болката.

ѓумбир

Ѓумбир – 7 придобивки за кои не сте знаеле!

Ѓумбирот се применува во многу кујни поради специфичната арома и пикантно лутиот вкус, но исто така и заради неговите лековити својства.  Може да се додаде во супи, маринади, главни јадења, десерти, или пак да се користи како зачин и природен конзерванс во храната. Повеќе од 2000 години тој се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат поради неговите моќни дејства врз организмот.