Ѓумбирот се применува во многу кујни поради специфичната арома и пикантно лутиот вкус, но исто така и заради неговите лековити својства. Може да се додаде во супи, маринади, главни јадења, десерти, или пак да се користи како зачин и природен конзерванс во храната. Повеќе од 2000 години тој се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат поради неговите моќни дејства врз организмот.

Здравствените придобивки од ѓумбирот, за кои не сте знаеле се следните:
- Ја одржува нормалната циркулацијата на крвта. Ѓумбирот содржи магнезиум, хром и цинк кои го подобруваат протокот на крвта во телото, а исто така корисен е за намалување на покачена температура и прекумерно потење.
- Ја подобрува апсорпцијата. Ѓумбирот ја подобрува апсорпцијата на есенцијалните хранливи материи во телото, преку поттикнување на секрецијата на желудочните и панкреасните ензими.
- Превенира појава на настинки и грип. Илјадници години во регионот на Азија, ѓумбирот се користи како природен лек за настинки и грип. Неговата лековитост е потврдена и од Одделот за медицина при Универзитетот во Мериланд, кои препорачуваат да се пие чај од ѓумбир за лекување на настинка и грип кај возрасните.
- Го подобрува варењето на храната. За правилно варење на храната, консумирајте ѓумбир. Тој ја подобрува апсорпцијата и ги намалува грчевите во стомакот. Карактеристично е тоа што ѓумбирот го намалува воспалението, со сличен ефект како аспиринот и ибупрофенот.
- Превенира канцер на дебелото црево. Една студија на Универзитетот во Минесота утврди дека ѓумбирот може да го забави растот на клетките од канцер на дебелото црево.
- Ја намалува болката и воспалението. Благодарение на антивоспалителниете состојки кои ги содржи, ѓумбирот на природен начин ја намалува болката.
- Го зајакнува имунитетот. Ѓумбирот помага да се подобри имунолошкиот систем. Редовното консумирањето на ѓумбир го намалува ризикот од мозочен удар, стомачни бактериски инфекции, а многу е корисен при иритација на грлото и кашлица.