Превкусно и традиционално подготвувано во нашите домови! Популарниот ликер од зелени ореви го правиме со многу љубов, а му се гостиме цела година. За да биде во поздрава варијанта, полна со јод, а без шеќер, секогаш правиме ореовка со мед!

Во сезоната на настинка и грип, зајакнете го имунитетот со природен и ефикасен лек од мед и ореви. Овој домашен лек е одличен за луѓе со слаб имунитет. Тој е богат со активни состојки кои може да му помогнат на телото да се бори со сериозни заболувања. Исто така може да го користат и здрави лица кои сакаат да го одржат здравјето.
Веројатно не постои личност на која не и се познати хранливите и лековитите својства на медот. Но, често кога купуваме, голем број од нас се запрашуваат, дали е тоа квалитетен и вистински природен мед? Врвните пчелари ни откриваат неколку многу едноставни трикови или методи за откривање на вештачкиот, неквалитетен мед.
Во последно време повеќе расте интересот за јаболковата киселина и нејзината моќ да помогне за намалување на вишокот на килограми и да помогне во зачувувањето на здравјето. Употребата на јаболковата киселина за детоксикација и слабеење датира уште од древниот Египет. Научните студии покажуваат дека пијалакот со јаболкова киселина го забрзува метаболизмот, а со тоа полесно и побрзо се отстрануваат токсините. Нормалното функционирање на организмот пак, ги согорува мастите полесно и го намалува нивото на холестеролот во крвта.