Совладајте ја настинката со златен мед 1

Совладајте ја настинката со златен мед

Сигурно ќе се запрашате, каков ли е тој златен мед? Ајувердската медицина го има прогласено за најсилен природен антибиотик од сите, а тоа е најмалку една причина да ја пробате оваа чудесна мешавина!

Можете да го јадете сам или да го ставате во млеко или чај. Името „златен мед“ го носи мешавината која се прави многу едноставно од природен мед во кој е додадена куркума. Всушност, поради своите лековити својства кои можат да помогнат во лечење на разни болести, куркумата се смета за златен зачин.

Совладајте ја настинката со златен мед 2

Како да направите златен мед дома?

Состојки:

  • 100 гр мед
  • 1 лажица куркума во прав.

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ја лажицата куркума во прав со медот. За мешање обавезно користете дрвена лажица, бидејќи се смета дека медот реагира на металот и во допир со него губи дел од своите лековити својства.

Начин на употреба и дозирање:

Мешавината можете да ја користите за превенција на настинка, но и за олеснување и лечење на симптомите кои ги предизвикуваат вирусите во ладните денови. Лесно може да ја додавате во млеко или чај.

Ако веќе ве совладала настинката, во првиот ден од настинката земајте по половина лажиче златен мед на секој час. Вториот ден земајте по половина лажичка на секои 2 часа, а третиот ден иста доза, 3-4 пати на ден.

Забелешка: Ако патите од хемофилија, хипертонија, дијабетес или болести на уринарниот систем, пред консумација на златен мед посоветувајте се со вашиот лекар, бидејќи куркумата е здрав, но доста јак зачин.

Ви препорачуваме да прочитате: Златно млеко за одлично здравје и антиканцерогена заштита.

Сподели: