За да го подобрите растот на косата не треба да купувате скапи производи. Наместо тоа сами подгответе си спреј од нане и рузмарин кој нема хемикалии, а ќе ви помогне за намалување на опаѓањето, мрсењето и ќе го врати првобитниот сјај на косата.

Засиленото опаѓање на косата е проблем кој може да се јави во било која доба од животот. Ќелавоста може да биде наследна или стекната, која се јавува како резултат на агресивни козметички препарати, несоодветна исхрана, стрес, ненадеен шок, хронична настинка, грип, анемија и други состојби во организмот.
Губењето на косата (алопеција) е чест проблем, кој е повеќе изразен кај мажите отколку кај жените, а може да биде предизвикан од многу фактори: генетски фактор, хормонален дисбаланс, кожна болест, проблеми со тироидната жлезда, недостаток на хранливи материи во исхраната, хроничен стрес, јаки бои и други хемикалии за коса, несакани ефекти на одредени лекови.