домашен сос-за-салата

Домашен сос со сенф, лук и рузмарин

Готовите преливи и сосови за салати и главни јадења кои ги има на рафтовите на продавниците не се баш најдобар избор. Пробајте го овој рецепт за домашен сос кој можете да го ставате во сендвичи, помфрит, пржено или печено месо и печен зеленчук. 

сос-за-салата

Состојки:

  • 3 жолчки
  • 1/4 чаша свеж сок од лимон
  • 3 – 4 сечкани чешлиња лук
  • 4 – 5 лажици сенф
  • 2 лажици лук во прав
  • 1/2 лажичка морска сол
  • 1/2 лажичка црн пипер
  • 2 чаши маслиново масло
  • исечкани листови босилек
  • рузмарин
  • црвена пиперка
  • крупно мелен црн пипер

 Подготовка:

  1. Во сад за матење ставете ги жолчките, сокот од лимон, исечканиот лук, сенфот, лукот во прав, сол и црн пипер.
  2. Сите состојки добро изматете ги со миксер, додека добиете убава хомогена смеса.
  3. Во сместа постепено додавајте го маслиновото масло, матејќи со миксерот. Оваа постапка е од суштинско значење за добиете добар сос. Откако ќе го додадете целото масло матете со миксерот уште една минута. Смесата треба да биде со бледо жолта боја и густа.
  4. На крај зачинете по желба со исечкан босилек, рузмаринот, исечкана црвена пиперка и крупно мелен црн пипер. Приготвениот домашен сос послужете веднаш.

Сподели: