Кога еднаш ќе зачекорите во светот на зачините, ќе ви стане јасно зошто лазањите на мама се секогаш повкусни од вашите, иако го следевте истиот рецепт. Ви ги носиме 5–те основни зачини со кои ќе им станете сериозна конкуренција, дури и на поискусните домаќинки.
Ако сакате да го изненадите семејството со нов рецепт, имаме одличен предлог за вас! Со заслужена репутација на врвен производ, мекото бело сирење на Камембер е разноврсно сирење кое може да се јаде на различни начини. Овој рецепт за печено сирење со рузмарин и лук од познатиот готвач Џејми Оливер е одличен за вкусно и брзо мезе за вас и вашите пријатели.
Вкусно за целото семејство! Супер лесен и брз рецепт за популарната италијанска фокача, овој пат во посна варијанта со нашето омилено маслиново масло. Па, доколку сте љубители на медитеранската кујна, вие сте на вистинското место. Подгответе ја нашата посна фокача со маслинки, домати и рузмарин и за миг отпатувајте на некоја песочна плажа со вашите најмили. Ова е вкус кој освојува!
Сигурно и вие често пати сте се запрашале кои се најдобрите зачини за подготовка на свинско месо. Одговорот на ова прашање е различен и тоа зависи од повеќе фактори како што се парчето месо, начинот на подготовка, содржината на масти во месото… Тоа беше наша мотивација да го приготвиме овој водич за избор на зачини, кој веруваме дека ќе ви биде од голема корист. Лук, рузмарин, ким… еве кои зачини ги препорачуваат врвните готвачи!
Лошата циркулација е чест проблем со кој се соочуваат многу луѓе ширум светот. Иако, на прв поглед оваа состојба не ја сфаќаме како нешто сериозно, таа е предуслов за целокупното наше здравје. Всушност и здравјето на срцето зависи од добрата циркулација. Кога таа е нарушена, се појавуваат отоци и проширени вени, згрутчување на крвта и други сериозни здравствени проблеми. За среќа, природата ни дава многу решенија за овој проблем. Па така, има многу чаеви кои ја подобруваат циркулацијата на крвта, а ние денес за вас ги издвоивме чаевите од рузмарин и ѓумбир.
Постите нека бидат повкусни и полесни! Имаме нов рецепт кој ќе го освои сечиј вкус. Станува збор за посна фокача со компири, маслинки и домати. Зачинета со рузмарин за екстра медитерански вкус.
Секојдневното јадење ќе се претвори во потполно ново доживување! Знаете ли дека наместо со „обично“, салатите и јадењата може да ги зачиниме со пикантно масло и ароматично со зачини? Ние пробавме навистина е интересно, а вкусот кој му го овозможува на јадењето е малку поинаков и попривлечен.
Полесен и поедноставен рецепт за подготовка на зачинети печени компири, не веруваме дека ќе најдете. Обожаваме едноставни и брзи рецепти, па секогаш штом некој ќе ни каже супер рецепт го споделуваме со сите.
Неодоливо е, ќе видите штом го пробате првиот залак. Уште поодамна имавме можност да го дегустираме ова вкусно „чудо од тесто“ и иако обично сите се трудиме да го избегнеме лебот и белите печива, меката и топла италијанска фокача е нешто што повремено го заслужуваме сите!
Италијанската кујна изобилува со специјалитети и многу вкусна храна. Едно од традиционалните и популарни печива е фокачата. Нашата пријателка Лана, ни припреми медитеранска интегрална фокача со рузмарин, крупна морска сол и маслиново масло.
Вака приготвениот џем од праски со рузмарин е одлична можност за да направите мала промена во утринските радости. Направете си чај и намачкајте една кришка леб. Некогаш малите нешта се оние кои најмногу можат да нѐ израдуваат!
Прекрасно мириса и е одличен зачин кој истовремено допринесува за физичко и ментално здравје. Ви наведуваме 8 причини заради кои е добро да користите рузмарин во исхраната.
Од овој рецепт излегуваат две векни посен празничен леб со рузмарин и ленено семе. Многу е декоративен, а има и богат вкус кој многу ќе го обожавате. Вештата и умешна Даниела е заслужна за прекрасниов празничен леб, затоа од срце и заблагодаруваме и со задоволство го споделуваме со вас!
Ако барате идеја за посно јадење или прилог ви предлагаме да направите печени компири со лук и рузмарин. Прекрасната арома на рузмаринот и лукот го наполнуваат вкусот на компирите.
Посно, вегетаријанско, без глутен и нискокалорично! И се заблагодаруваме на Катерина за овој лесен и брз рецепт за рестован компир, а што е најважно јадењето е здраво и богато со зеленчук како тиквичка, морков, кромид и лук. Затоа пробајте го и уживајте во компирите збогатени со аромата на магдонос и рузмарин.