2 лековити чаеви кои ја подобруват циркулацијата на крвта 1

2 лековити чаеви кои ја подобруват циркулацијата на крвта

Лошата циркулација е чест проблем со кој се соочуваат многу луѓе ширум светот. Иако, на прв поглед оваа состојба не ја сфаќаме како нешто сериозно, таа е предуслов за целокупното наше здравје. Всушност и здравјето на срцето зависи од добрата циркулација. Кога таа е нарушена, се појавуваат отоци и проширени вени, згрутчување на крвта и други сериозни здравствени проблеми. За среќа, природата ни дава многу решенија за овој проблем. Па така, има многу чаеви кои ја подобруваат циркулацијата на крвта, а ние денес за вас ги издвоивме чаевите од рузмарин и ѓумбир.

Рузмаринот го стимулира протокот на крвта благодарение на антиоксидантите кои ги содржи, па од него може да си подготвите чај кој ја подобрува циркулацијата. Ѓумбирот, исто така, е одличен избор доколку страдате од лоша циркулација, бидејќи и тој го подобрува протокот на крвта и го спречува нејзиното згрутчување. Покрај тоа, чајот од ѓумбир е еден од најлесните чаеви за подготовка. Па, во продолжение погледнете како може да ги направите овие лековити чаеви и да си ги олесните тегобите поврзани со лоша циркулација.

2 лековити чаеви кои ја подобруват циркулацијата на крвта 2

Како да направите лековит чај од рузмарин кој ја подобрува циркулацијата?

Состојки:

  • 1 лажичка сув рузмарин
  • 1 чаша вода

Подготовка:

  1. Во еден сад се става 1 лажичка сув рузмарин и една чаша вода.
  2. Чајот се вари околу 5 минути, а потоа се остава да отстои уште дополнителни 10 минути.
  3. На крај, вака подготвениот чај се цеди од рузмаринот и се пие.

Напомена: Овој чај не им се препорачува на следните категории на лица:

  • трудници, бидејќи рузмаринот може да предизвика спонтан абортус
  • жени кои страдаат од ендометриоза, бидејќи може да се влоши состојбата на болеста
  • лица кои се заболени од цревни заболувања како Кронова болест, гастроентеритис и синдром на нервозни црева
  • мажи кои страдаат од воспаление на простата
  • лица кои имаат проблем со констипација, бидејќи рузмаринот може да ја влоши оваа состојба
  • лица кои страдаат од несоница.

Како да направите лековит чај од ѓумбир за подобрување на циркулацијата?

Состојки:

  • 2 парчиња ѓумбир со дебелина на прст
  • 1 чаша вода

Подготовка:

  1. Ѓумбирот темелно се мие, се лупи и се сечка на парчиња.
  2. Потоа со 1 чаша вода се вари околу 5 минути и се остава да отстои дополнителни 15 минути во врелата вода.
  3. На крај, чајот се процедува од парчињата ѓумбир и се пие.
  4. За подобрување на циркулацијата на главата се препорачува да се пие од 1-2 чаши чај на ден.

Напомена: Овој чај не им се препорачува на следните категории на лица:

  • лица кои страдаат од стомачни заболувања како гастритис, чир и Кронова болест
  • лица кои имаат хипертензија
  • лица со камен во жолчка
  • пациенти кои земаат лекови за разредување на крвта, поради проблеми со циркулацијата и дијабетес
  • трудници и жени кои дојат би требало да се посоветуваат со својот доктор пред да почнат да консумираат ѓумбир.

Совет плус: Доколку имате потреба и сакате да пробате домашно да си помогнете со овие чаеви, иако се на природна база, советуваме да се консултирате со вашиот лекар!

Ви препорачуваме да прочитате:  11 намирници кои ја подобруваат циркулацијата на крвта.

Сподели: