Циркулацијата на крвта се подобрува со движење, но на тоа влијаат и одредени намирници. Доколку не се храните со здрава храна која ги обезбедува квалитетните хранливи состојки, може да имате проблеми со циркулацијата, и покрај тоа што сте физички многу активни. Следните 11 намирници може да ви помогнат за подобрување на циркулацијата на крвта.
Исхраната богата со антиоксиданси, омега 3 масни киселини, растителни влакна, витамини и минерали придонесуваат за одржување на нормална циркулација на крвта и елиминирање на штетните материи. Исхраната која е сиромашна со овие есенцијални нутренти може да доведе до воспаление на внатрешните слоеви на крвните садови и зголемување на токсините во телото. Исхраната со намирници чија рН вредност влијае за алкализација на телото, намирниците кои се богати со вода, одредени минерали, антиоксиданси и витамини, може значително да придонесат за подобрување на циркулацијата на крвта. Ако тоа се комбинира со вежбање, целта може да се постигне лесно и така да се превенираат заболувањата на крвотокот и крвните садови. Еве кои намирници се препорачуваат за подобрување на циркулацијата на крвта.

Целер
Целерот е богат со витамин К, кој учествува во правилно згрутчување на крвта, кое е исклучително важно за време на повреди. Целерот, исто така е природен диуретик, содржи одредени електролити и помага во елиминирање на токсините од телото. Листовите од целерот содржат супстанции кои влијаат за намалување на крвниот притисок.
Семки од тиква и чиа
Семките од тиква и чија семето се богати со омега 3 масни киселини, растителни влакна и антиоксиданси. Тие се извор на протеини со антивоспалително дејство, кои помагаат да се намали холестеролот и да се одржи здравата внатрешност на крвните садови. Притоа, важно е да се внимава при купувањето на печените семки, затоа што се доста солени, а со тоа негативно влијаат врз крвниот притисок. Затоа, јадете умерено или изберете лупени и помалку солени семки од тиква.
Овес
Овесот е една од најдобрите намирници за регулација на холестеролот, а исто така има антивоспалително дејство. Консумацијата на овес придонесува шеќерот во крвта бавно да се апсорбира, а тоа е важно за сите кои настојуваат да одржат баланс или страдаат од шеќерна болест. Најдобро е да го вклучите во исхраната во облик на овесни снегулки во утринските мусли.
Цитрусно овошје
Лимонот, портокалите и грејпфрутот имаат изразено антивоспалително дејство, што е добро за крвните садови. Содржат висока количина на вода и разни витамини, меѓу кои витаминот Ц, кој помага за елиминација на токсините од телото.
Ореви и бадеми
Оревите и бадемите содржат специјални антиоксиданси кои помагаат за правилна циркулација на крвта. Покрај тоа, богати се со витамин Е и омега 3 масни киселини. Се препорачува да се јадат сурови, затоа што со термичката обработка се уништуваат некои состојки кои ги содржат. Тие се одлични грицки кои може да ги користите наместо разните солени, мрсни и зашеќерени индустриски грицки.
Зелен лиснат зеленчук
Спанаќот, кељот, руколата, блитвата, зелената салата и другиот зелен зеленчук содржат висока количина на хлорофил, кој по состав е многу сличен на хемоглобинот во крвта. Овие зеленчуци помагаат за чистење и детоксикација на црниот дроб, кој ја филтрира крвта. Претставуваат богат извор на витамините Ц и К, кои се важни за здрава крв и крвни садови.
Аспарагус
Аспарагусот е одлична намирница, богата со калиум која делува како диуретик и помага за намалување на крвниот притисок. Содржи витамини од групата Б, витамин Ц, па поволно влијае врз цел организам.
Пиперки бабури
Пиперките бабури се исклучително богати со витамин Ц (го содржат во поголема количина од цитрусното овошје). Содржат растителни влакна, антиоксиданси и го хидрираат телото, па на тој начин ја подобруваат циркулацијата на крвта.
Какао и црно чоколадо
Какаото и црното чоколадо со повеќе од 75% на какао поволно влијаат на крвотокот, како и на општото здравје. Квалитетното какао ја подобрува циркулацијата, го намалува притисокот и делува против воспалително. Покрај тоа, ја подобруваат функцијата на неутротрансмитерите во мозокот.
Ви предлагаме да прочитате: 3 причини да јадете семки од тиква.