Направете сами пикантно масло 1

Направете сами пикантно масло

Секојдневното јадење ќе се претвори во потполно ново доживување! Знаете ли дека наместо со „обично“, салатите и јадењата може да ги зачиниме со пикантно масло и ароматично со зачини? Ние пробавме навистина е интересно, а вкусот кој му го овозможува на јадењето е малку поинаков и попривлечен.

Можете да ја зачинете омилената свежа салата и истата да ви предизвика нови вкусни сензации кога ја јадете. Освен со салата, идеално се вклопува како додаток за месо или риба на скара, а посебно ако е пастрмка. Може да зачините и ориз или компири, неверојатно добар станува нивниот вкус.

Инспирацијата е од нашата драга пријателка Бети, каде и прв пат го пробавме вака припременото масло. Со оглед на нејзините кулинарски способности, знаевме дека е полн погодок, па го споделуваме и со вас. Пробајте го во првата можна прилика.

Направете сами пикантно масло 2

Состојки:

  • 500 мл маслиново масло или ладно цедено сончогледово масло
  • неколку лути чили пиперчиња, по вкус
  • неколку гранчиња рузмарин( по желба може да замените со мајчина душичка, нане и слично).

Подготовка:

Подготовката е многу едноставна. Ставете ги сите состојки во стаклен сад, затворете го и оставете го да стои на сонце неколку дена. Единствено што треба да внимавате е, кога ќе ги измиете зачините и пиперчињата, да почекате да се исушат, а потоа да ги соедините со маслото.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете домашно масло од нане – лек за акни.

Сподели: