Џем од праски со рузмарин 1

Џем од праски со рузмарин

Вака приготвениот џем од праски со рузмарин е одлична можност за да направите мала промена во утринските радости. Направете си чај и намачкајте една кришка леб. Некогаш малите нешта се оние кои најмногу можат да нѐ израдуваат!

Новиот вкус на овој џем сигурно ќе ве воодушеви! Рузмаринот ја појачува аромата на овошјето, што овозможува џемот да добие исклучително пријатен мирис.

Џем од праски со рузмарин 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Праските прво измијте ги, излупете ги и исчистете ги од семките, а потоа исечете ги на кришки.
  2. Во поголем сад распоредете ги кришките и посипете ги со шеќерот и лимоновиот сок.
  3. Додајте го рузмаринот (цели гранчиња, без да ги кинете ливчињата), па затворете го садот со капак и оставете така да стои барем 4 часа. Повремено промешајте и повторно затворете.
  4. Варете во длабоко тенџере, исто така со повремено промешување, а 10-тина минути откако ќе зоврие извадете ги гранчињата рузмарин.
  5. Пред крајот на варењето отстранете ја пената и по желба притиснете ги поголемите парчиња со алатка за пире доколку сакате да ги иситнете, а тоа може да го направите и со миксер.
  6. Врелиот џем турете го во чисти и стеризизирани тегли (измијте ги, исушете ги и ставете ги во претходно загреана рерна на 100 степени, па оставете ги да стојат внатре најмалку 20 минути).
  7. На крај, затворете ги теглите со капак, ставете ги уште 10 минути во рерната и оставете ги да се изладат.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен компот од праски.

Сподели: