пчелинок

Маточина за лесен сон и подобро варење на храната

Оваа прекрасна билка со пријатен мирис на лимон, се нарекува маточина, пчелинок,  мелиса, лимонка… Таа е една од малку бројните билки кои се истовремено лековити, мирисни, украсни, зачински, ароматични, медоносни и имаат индустриска примена.

Маточината за лекување се користела многу одамна. Плиниј ја препорачувал за очите, Парацелзиус ја нарекол еликсир на животот, а постојат белешки дека на Шекспир му бил омилена билка.

маточина

Маточината го намалува стресот и го подобува сонот

Направени се повеќе истражувања за дејството на маточината врз стресот, несоницата и напнатоста, а сите го потврдиле позитивниот ефект. Во комбинација со валеријаната подеднакво е делотворна како и некои лекови за смирување, само за разлика од нив не предизвикуваа несакани дејства.

Корисна е за мозокот

Докажано е дека маточината ја зајакнува концентрацијата и го поттикнува решавањето на текстуални и сликовити задачи. Благодарение на антиоксидансите кои ги содржи, го штити организмот од оштетувањето предизвикано од слободните радикали. На тој начин, пченилокот помага и кај заболените од Алцхајмерова болест да го подобрат памтењето и концентрацијата.

Помага при проблеми со дигестивниот систем

Европскиот здравствен фототераписки комитет ја одобрил оралната употреба на маточината при напнатост, немир и раздразливост. Маточината е благ, добар и пријатен лек кој се користи при проблеми во системот на органите за варење (против надуеност на цревата, желудочни тегоби, гадење, повраќање и против дијареја).

Поседува антивирусни својства

Маточината има јаки антивирусни својства, го скратува времето на траење на болеста и можноста за повторување на истата. Одлични резултати покажува кога се применува локално врз херпес на усни.

Етеричното масло од маточина има слично дејство како и самата билка. Многу е ценето, а разблажено се користи за масажа или за ублажување на херпес симплекс.

Лековитите својства на маточината се:

  • помага при депресија и стрес
  • ги намалува главоболките
  • поттикнува мирен сон
  • помага при прекумерна работа на тироидната жлезда
  • ја намалува високата температура
  • ублажува труднички мачнини и менструални грчеви
  • помага кај херпес симплекс
  • ја зголемува креативноста и концентрацијата.

Ви предлагаме да прочитате: Домашен сок за растворање од маточина (пчелинок).

Сподели: