маска-од-белка

Маска од белка за затегнување на кожата – природен ботокс

Ако барате најдобар и најевтин природен начин за затегнување на кожата и прочистување на порите на лицето, направете маска од белка, која е погодна е за сите типови на кожа.

Во борбата против брчките, акните, сувата кожа или проширените пори покрај скапите и често неделотворни производи кои се нудат во продавниците, на располагање ги имаме состојките од кујната со кои можеме да подготвиме препарати на природна база кои се многу поздрави и секако, далеку поевтини. Маската од белка е одлично средство против брчки и против кожа која почнала да виснува. Белката има силни атстрингентни својства, така што ги отстранува нечистотиите од кожата и ги измазнува брчките на лицето. За да ја направите оваа маска од белка потребни ви се едно јајце и малку пченкарен скроб.

маска-од-белка

Состојки:

  • 1 јајце
  • ½ до 1 лажичка пченкарен скроб (густин)

Подготовка:

  1. Издвојте ја белката од жолчката. Белката ставете ја во длабок сад и изматете ја со виљушка. Во садот постепено додавајте го пченкарниот скроб и мешајте додека добиете бела паста.
  2. Маската нанесете ја на чисто лице и оставете ја да делува 20 минути. Потоа исплакнете го лицето со млака вода и нанесете хидратантен крем.

Сподели: