Домашна пастрмајлија со свинско месо и кашкавал

Домашна пастрмајлија со свинско месо, јајце и кашкавал

Традиционално и вкусно! Во нашата земја најпознати се штипската и велешката пастрмајлија, но овој македонски специјалитет се приготвува насекаде, во најразлични варијанти и комбинации. Може да се направи со јагнешко или пилешко месо, а ние денес ви предлагаме да пробате пастрмајлија со свинско месо, јајце и кашкавал.

Набавете свежо и квалитетно свинско месо, видете ја листата со останатите состојки и започнете со подготовка! А, ако не знаете каде да најдете месо со врвен квалитет ние сме тука да ви помогнеме. Од нашето позитивно искуство со квалитетно свежо месо може да ги препорачаме Агриа. Нивното долгогодишно искуство и постојан квалитет ги прават еден од најдобрите македонски производители на свежо свинско месо. Посетете ги нивните месарници во Битола, Штип и Велес. Што е супер, свежото свинско месо од Агриа може да го најдете во и Тинекс и Рамстор маркетите. А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

Домашна пастрмајлија со свинско месо и кашкавал

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 400 мл топла вода
  • 1 коцка свеж квасец
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички шеќер.

За фил:

  • околу 1 кг свинска удина од Агриа
  • црвена пипер
  • сало или путер по потреба
  • црн пипер по вкус
  • оригано по желба
  • малку масло
  • 8 јајца
  • рендан кашкавал по потреба.

Подготовка:

  1. Месото измијте го, посолете го по вкус, зачинете го со црвена пипер и оставете го во фрижедер неколку часа, а најдобро е преку ноќ.
  2. Во сад за месење ставете го брашното. Квасецот растворете го во млака вода и шеќер и додајте го во садот со брашното. Додајте сол и замесете мазно тесто. Тестото покријте го со кујнска крпа и оставете го да нарасне.
  3. Во меѓувреме, подгответе го месото. Исечкајте го на коцки, додајте црн пипер по вкус и оригано по желба. Прелијте го со малку масло и убаво измешајте.
  4. Нараснатото тесто премесете го и поделете го на 8 топчиња. Добиените топчиња оставете ги да одморат околу 10 минути, но покриени со кујнска крпа или најлонска фолија, за да не се оформи кора.
  5. Со раце, секое топче развлечете го во овална форма и направете вдлабнатина во средината.
  6. Тавата за печење набрашнете ја и ставете ги пастрмајлиите. Во средината на секоја пастрмајлија ставете коцки свинско месо и малку сало или путер.
  7. Подготвените пастрмајлии ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 250 степени, околу 6-7 минути. Потоа, намалете ја температурата на 200 степени и печете уште 5-10 минути, во зависност од рерната.
  8. Пред крајот, врз секоја пастрмајлија скршете по едно јајце и ставете рендан кашкавал по желба. Вратете ја тавата во рерна уште 3-5 минути.
  9. Извадете ги од рерна и краевите премачкајте ги со малку растопено сало или путер. Покријте ги со крпа и оставете ги кратко за кората малку да омекне, а потоа послужете ги. На здравје!

Совети плус:

  • Јајцето може да го изматите и да го додадете врз пастрмајлиите.
  • Потребни ќе ви бидат 2 големи тави за печење на пастрмајлиите.
  • По желба, пастрмајлиите послужете ги со феферони, кромид и чаша црвено вино.
пастрмајлија агриа

Ви препорачуваме да прочитате: Кременадли во кремаст сос од печурки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: