Кременадли со сос од печурки

Кременадли во кремаст сос од печурки

Меки, сочни и со крцкава златна кора! Овие кременадли со кремаст сос од печурки, зачини и арома на лук ќе ги задоволат вкусовите и на најпребирливите дегустатори. И што е најважно, се приготвуваат за само 30 минути!

Досега кременадлите ги подготвувавте печени во рерна или на скара со прилог од компири и зеленчук? Време е да го испробате овој нов рецепт во пресрет на велигденските празници. На овој начин кременадлите се готват многу побрзо, а кремастиот сос од печурки му дава посебен шмек и арома. 

кременадли во сос од печурки

Која е тајната за подготовка на највкусни кременадли со сос од печурки?

Пред да започнете со подготовка, важно е да посветите внимание на квалитетот на намирниците кои ќе ги користите. Набавете си свежо свинско месо од Агриа, користете пресно мелен црн пипер и морска сол. Изборот на намирниците е од голема важност за крајниот резултат кој треба да го воодушеви целото семејство, а вие да се задоволни со кулинарскиот предизвик. За подготовка на деликатесни јадења, го препорачуваме свежото свинско месо од Агриа кое е со врвен квалитетпријатен мирис и вкус, а тоа се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор! Затоа, следен пат набавете свежо свинско месо од месарниците на Агриа или маркетите на Тинекс и Рамстор. Следете ги чекорите за подготовка и уживајте во гурманскиот специјалитет.

кременадли во сос од печурки

Состојки:

За кремаст сос од печурки:

  • 1 чаша сечкани кафеави шампињони
  • 2 лажици свеж сечкан магдонос
  • 1 лажица свежа сечкана мајчина душица
  • 4 чешниња сечкан лук
  • ¾ чаша неутрална павлака за готвење.

Подготовка:

  1. Кременадлите зачинете ги со сол и црн пипер.
  2. На тава на средно силен оган ставете ги маслото и путерот. Мешајте со лажица додека путерот се растопи.
  3. На загреаното масло ставете ги кременадлите и пропржете ги околу 7-10 минути од секоја страна додека поруменат, а средината на месото да не е повеќе светло розева. Пржените кременадли ставете ги во чинија.
  4. Сечканите печурки додајте ги во тавата во која се пржеа кременадлите. Пропржете ги и околу 3-4 минути на средна температура.
  5. Откако печурките ќе поруменат, додајте половина од магдоносот и мајчината душица, и сечканите чешниња лук. Пропржете ги уште 30-тина секунди. 
  6. На крај додајте ја неутралната павлака за готвење. Добро измешајте и оставете го сосот да проврие околу 3-4 минути додека се згусти. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
  7. Во вака подготвениот сос од печурки додајте ги кременадлите и продолжете со готвење уште 5-10 минути за да се соединат сите вкусови.
  8. Готовите кременадли со кремаст сос од печурки сервирајте ги во чинија и декорирајте ги со преостанатите мајчина душица и магдонос. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Печен ролат од свинско месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: