Славиме! sezahrana.mk победник во категоријата Храна и Здравје!

Наскоро е нашиот 9-ти роденден и како поубаво би го пречекале ако не со победа во она за што сме специјализирани?! 🙂 Храната и здравјето беа причината поради која започнавме! sezahrana.mk е специјализиран сајт за храна, основан во 2012 година, со објавени над 3800 авторски содржини/рецепти и ја имал довербата на повеќе од 50 пријатели и поддржувачи низ годините. Драги наши читатели, денес, благодарение на вашата поддршка и интерес, славиме победа во категоријата Храна и Здравје и трето место во категоирија Најдобар блог, на веќе традиционалната манифестација за Сајт на годината, во организација на Media Solutions.

3 совети како да станете експерт за избор на најдобро свежо месо 1

3 совети како да станете експерт за избор на најдобро свежо месо

Никој не сака да купи месо кое не е свежо, а особено не во некои свечени мигови кога сакаме нашата трпеза да заблеска во полн сјај. Ако често пати ви се случува да се двоумите и не сте сигурни како да препознаете дали месото е свежо или не, погледнете ги нашите совети и станете вистински експерт кој секогаш знае да избере најдобро свежо месо.

Сајт на Годината 2019

Гласајте за Сѐ за храна да биде најдобар сајт за Храна и здравје за 2019

Почитувани пријатели, започна изборот Сајт на Годината 2019! Вие кои нѐ следите подолго време знаете дека веќе неколку години sezahrana.mk е дел од овој избор. Во изминатите години имавме голема поддршка од вас за што искрено се заблагодаруваме, а секоја награда ја посветуваме нашите читашели!

пробиотици

Д-р Нела Деспотовска советува: Што треба да знаете при изборот на пробиотици?

Здравиот дигестивен систем е основа за добро здравје. При неправилно варење на храната, организамот не ги добива потребните нутриенти, а тоа доведува до опаѓање на силата и забрзано стареење. За да се воспостави рамнотежа потребни ни се пробиотици. Но, кои пробиотици се најдобри, што значат ознаките на пакувањето, дали има разлика меѓу пробиотиците кои се достапни кај нас? На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска. 

Гласајте за Сѐ за храна да биде најдобар сајт за Храна и здравје за 2018

Почитувани пријатели, започна изборот Сајт на Годината 2018! Вие кои нѐ следите подолго време знаете дека веќе неколку години sezahrana.mk е дел од овој избор. Во изминатите години имавме голема поддршка од вас за што искрено се заблагодаруваме, а секоја награда ја посветуваме нашите читашели!

Како да изберете смокви и правилно да ги чувате?

Смоквите се омилено овошје на многумина! Свежи или сушени, секогаш се добредојдени на трпезата. Па, доколку сакате да уживате во нивниот сладок вкус, погледнете ги нашите совети со кои ќе знаете како да изберете смокви, но и како правилно да ги чувате. 

како да изберете совршено вино

Како да изберете совршено вино за предјадење, главно јадење и десерт?

Нема човек кој не обожава чаша вино и вкусно јадење. Богатата трпеза е мотив за убави моменти со нашите најблиски, консумирање на вкусна храна и уживање во најдобрите вина од Македонија. Сигурно за здравствените придобивки од умерената консумација на вино веќе сте слушнале. Но, исто така сигурно ви се јавува дилема при служењето на вино, кое, што, како? Знаете ли како да изберете совршено вино за предјадење, главно јадење и десерт?

Што важно треба да знаете при изборот на спирулина?

Spirulina Pacifica е најбогатиот и најкомплетен извор на додаток во исхраната. Оваа модро-зелена алга зачудува многу нутритивни експерти, а тоа се должи на нејзината разновидност од основните нутриенти: растителни протеини, каротени, хлорофил и фикоцијанин, биоактивен Б12, гама линоленска киселина и минерали. Освен тоа, безцелулозниот клеточен ѕид на Spirulina Pacifica е високо сварлив и нутриентите лесно се абсорбираат. Но, секоја спирулина која се продава на пазарот не ги поседува сите корисни својства. Затоа решивме да ве запознаеме подетално на што треба да внимавате при изборот на спирулина. 

Што треба да знаете при изборот, чувањето и подготовката на печурките?

Што треба да знаете при изборот, чувањето и подготовката на печурките?

Вкусни, здрави, богати со витамини и минерали! Вака можеме да ги опишеме печурките кои се исклучително хранлива намирница. Тие се користат како храна и лек илјадници години наназад. Изобилуваат со корисни состојки за организмот, па препорачуваме често да се најдат на вашето мени. А дали знаете како правилно да изберете свежи и маринирани печурки, како да ги чувате за да го зачувате нивниот квалитет? И што е најважно, ви откриваме и неколку важни совети за подготовка на печурките, со кои ќе станете вистински експерт за вкусни јадења!

7 избрани рецепти за пилешко во сос 1

7 избрани рецепти за пилешко во сос

Разни рецепти за ралични вкусови! Пилешкото месо е едно од најмногу консумираните, а можеби и најчест избор од љубителите на нискокалорична и здрава храна. Изберете за себе рецепт за пилешко во сос и уживајте во вкусот.

Вкусната и здрава брокула е моќен борец против рак

Тајни кои треба да ги знаете за да изберете и јадете свежа брокула

Ако сакате да го искористите најдоброто од неа, треба да изберете здрава и свежа брокула, а за тоа да биде можно мора да знаете некои основни карактеристики важни за моментот на купување и избирање, а исто така да имате информации за како најдобро да ја чувате, одржувате и складирате кога сте ја донеле дома.

6 техники да изберете зрела и сочна лубеница

6 техники да изберете зрела и сочна лубеница

Сигурно кога ќе застанете на пазар пред камион полн со лубеници или се наоѓате во маркет, каде освен целосни можете да купите и пресечени лубеници, се прашувате како да изберете најубава, зрела и сочна лубеница.