Како да изберете смокви и правилно да ги чувате?

Смоквите се омилено овошје на многумина! Свежи или сушени, секогаш се добредојдени на трпезата. Па, доколку сакате да уживате во нивниот сладок вкус, погледнете ги нашите совети со кои ќе знаете како да изберете смокви, но и како правилно да ги чувате. 

Топ совети за избор и чување на смокви

Сезоната на смоквите почнува доцна на лето и трае се до есен, што секако зависи и од самата сорта на смоквата. Тие имаат сладок вкус и специфична текстура, полна со малечки крцкави семки. Бидејќи свежите смокви имаат покарактеристичен вкус, тие често се сушат или пак од нив се прават разни џемови и слатка. Во сувите смокви може да уживате преку целата година, додека свежите ги има само во одредени периоди од годината.  Кај нас најчесто од смоквите традиционално се прави слатко или џем. А, за совршено слатко, треба да одберете и совршени смокви. Еве неколку трикови кои ќе ви бидат од голема корист!

како да изберете смокви

Како да изберете и чувате свежи смокви?

  • Бидејќи смоквите се многу нежни, не треба да се чуваат подолго од два дена по нивното купување.
  • Секогаш кога купувате смокви избирајте ги оние кои имаат убава боја и цврста структура, а избегнувајте ги оние кои се нагмечени и имаат видливи траги од удари.
  • Зрелите смокви се многу благи. Затоа секогаш кога купувате смокви, најпрво пробајте ги.
  • Секогаш мијте ги пред употреба, а не порано. Во спротивно тие ќе се расипат.
  • Чувајте ги во фрижидер најмногу два дена, доколку се зрели, а доколку се сѐ уште зелени чувајте ги на собна температура за да созреат.

Сушените смокви се достапни преку целата година, но важно е правилно да се чуваат

  • Од друга страна пак, сувите смокви може да траат многу подолго. Важно е само да избирате здрави овошки без видливи траги на оштетување и да се меки на допир.
  • Сувите смокви чувајте ги на темно и ладно место или во фрижидер.
  • Смоквите може да се консумираат со кожа или без, во зависност од тоа колку е тврда кожата и секако од вкусот на консуматорот.
  • Единствено треба да се внимава да не се претера со преголема консумација, бидејќи смоквите содржат оксалати кои може да предизвикаат изразено лаксативно дејство.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен мармалад од смокви.

Сподели: