Идеален ручек или вечера доколку немате време да припремате нешто посложено. Оваа брза пита од потпечени кори со сирење е совршена за сите дечиња, возрасни, домашни и гости, супер е за да ја понесете на работа или на некое пократко патување. Клара знае што ни предлага, не се двоумете и направете ја, епспресно брза и екстремно вкусна пита!

Состојки:
- 300 гр кори
- 200 гр сирење
- 4 јајца
- 350 мл јогурт
- 1 лажичка сол.
Подготовка:
- На оган ставете тенџере со вода, малку масло и една лажичка сол.
- Оставете да зоврие. Потоа додајте ги корите да се варат, а при варењето повремено мешајте за да не загорат.
- Сварените и исцедени кори истурете ги во поголема тава за печење, а врз нив издробете го сирењето. Промешајте и порамнете.
- Во подлабок сад изматете ги јајцата, дотурете го јогуртот и посолете по вкус.
- Смесата истурете ја врз тавата со кори, убаво распоредете ја и ставете да се печи во загреана рерна на 200 степени за време од 20-30 минути.
Потпечените кори сервирајте ги топли, макар што мора да признаеме дека и ладни немаат замерка. Исечете ги на парчиња и послужете ги со чаша ладен јогурт. На здравје!
Рецептот го испратил: Клара Бос.