Брза торта со Фрути јафа кекси од праска

Уживавме и тоа како во светот на вкусовите! Си направивме многу симпатична торта и ја комбиниравме со горко црно кафе. Неизбежно беше да се фотографира и да се пренесе вкусното задоволство, па ве покануваме да ја пробате и вие во вашите домови. Инспирацијата ја најдовме во новите Фрути јафа кекси од праска и приготвивме фантастично добра, вкусна и брза торта! Овој десерт може да го направи секој, а нема да ви одземе ни еден час.

Да ви ја опишеме малку. Мека е, сочна и идеална за секоја пригода. За родендени, куќни слави, дружење со пријателите или едноставно, за засладување со семејството! Веруваме дека поголемиот дел од состојките ги имате во кујната и без проблем можете да се одлучите да го испробате и овој рецепт креиран во кујната на Сѐ за храна. Во продолжение, детално ја објаснуваме постапката чекор по чекор, како и состојките кои ги користевме, па не постои можност за грешка при подготовката. А штом ја направите, не заборавајте да ни испратите фотографија од вашата торта, ќе ја очекуваме. Еве што ви е потребно.

брза фрути торта 2 Брза торта со Фрути 3

Состојки:

За фил:

За декорација:

Брза торта со Фрути 4

Подготовка:

  1. Во сад за матење ставате ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Изматете ги со миксер за време од 5-7 минути, додека шеќерот се растопи и се добие густа смеса.
  2. Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и какаото од Витаминка. Со помош на сито или поголема кујнска цедилка, просејте ја смесата од брашното во садот со матените јајца. Оваа постапка е важна за да се добие пандишпан без грутчиња од какао или брашно. Смесата измешајте ја со лажица.
  3. Во правоаголна тава (бр. 40) или во две кружни тави (бр. 24 – 26) ставете хартија за печење. Во тавата ставете ја смесата за пандишпанот. Израмнете ја со лажица и ставете ја тавата во загреана рерна на 200 степени. Пандишпанот печете го за време од 7-10 минути. Извадете го пандишпанот и проверете со чепкалка дали е добро испечен.
  4. Печениот пандишпан оставете го да се излади, а потоа превртете го од тавата. Отстранете ја хартијата за печење и исечете два кружни дела (доколку користевте една поголема правоаголна тава за печење).
  5. Во сад за матење ставете ги шлаг кремот од ванила и ладното млеко. Изматете ги со миксер за време од 3 до 5 минути. Потоа, кремот поделете го на два еднакви дела. Во едниот дел додајте 200 грама Луна млечен крем и продолжете со матењето околу една минута, додека филот се соедини. Другиот дел оставете го за филување на тортата од горната страна и странично.
  6. Фрути кексите исечете ги на половина или четвртинки.
  7. Во чинија за торта ставете го едниот пандишпан. Врз пандишпанот нанесете половина од филот со Луна крем. Наредете ги сечените Фрути од праска, а потоа ставете го преостанатиот фил со Луна крем. Ставете го и вториот пандишпан. На крај, тортата премачкајте ја со шлаг кремот од ванила.
  8. Тортата ставете ја во фрижидер за време од 2 до 3 часа.
  9. Чоколадото и маслото ставете ги во сад и растопете ги на ниска температура. Со растопеното чоколадо полејте ја торта. Декорацијата завршете ја со шлаг крем и сечкани Фрути. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!

Совет плус: Најдобро е тортата да ја послужите по неколку часови, а подобро е преку ноќ да стои во фрижидер за да се спојат вкусовите.

Брза торта со Фрути 5 Брза торта со Фрути 6

Ви предлагаме да прочитате: Атлантис торта – слатка морска идила за сечиј вкус.

*Комерцијален рецепт.

Сподели: