гребнатини на дрвени површини

Брзо отстранување на гребнатини од дрвените површини

Дрвениот мебел може да изгледа ретро, елегантно, модерно од зависност од нашите афинитети, а скоро во секој дом има барем по еден дрвен предмет, без разлика дали станува збор за кревет, плакар, комода, столици… Меѓутоа, дури и најмалите гребнатини на мебелот го нарушуваат изгледот и убавината на дрвените површини, па често сме принудени да бараме различни решенија. За среќа, постои многу ефикасен и природен начин да ги решите овој проблем и тоа само со еден орев.  

Отстранување на гребнатини од дрвените површини во три чекори

За да го вратите првобитниот изглед и сјај на дрвените површини, на едноставен и потполно природен начин, послужете се со овој трик. Сѐ што ви е потребно е еден орев и мека крпа.

Чекор 1: Земете еден орев и скршете го. Извадете ја јатката и оревот поделете го на два дела. Со едниот дел од оревот тријте дијагонално по гребнатината.

Чекор 2: Со прстот протријте ја гребнатината, за да се загрее површината, а потоа почекајте неколку минути. Во тоа време, маслото од оревот ќе се впие во дрвото.

Чекор 3: На самиот крај, површината исполирајте ја со мека крпа, а од гребнатината нема да има ни трага.

Доколку немате ореви при рака, може да користите бадеми или бразилски ореви, а постапката за отстранување на гребнатините е потполно идентична.

Колку е едноставна целата постапка може да видете од следното видео.

Ви предлагаме да прочитате: Чисти дрвени лажици со 6 состојки од кујната.

Сподели: