Природно средство за сјај на мебелот 1

Природно средство за сјај на мебелот, од 2 состојки

Измешајте ги овие 2 состојки и ќе добиете одлично природно средство за сјај на мебелот! Бесплатно, лесно и едноставно, повторно ќе го засакате вашиот дрвен мебел, ќе блесне како нов. Колку е прекрасно чувството кога уживаме во чиста соба која сјае, нели?!

Природното средство од маслиново масло не се лепи и нема непријатен мирис, а воедно не содржи штетни хемикалии кои може да останат во воздухот и да ве трујат. Оваа особина е посебно ценета во семејствата каде има деца кои постојано го допираат мебелот. Еве како се прави и како се користи.

Природно средство за сјај на мебелот 2

Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици лимонов сок.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Измешајте го маслиновото масло и цедениот сок од лимон. Добро е да ги турите во шишенце, да го затворите и со тресење да го измешате. Ќе добиете одлично природно средство за сјај на мебелот.
  2. Намачкајте чиста крпа и добро протријте го мебелот со неа.
  3. Оставете дрвото да го впие средството околу 10 минути, а потоа пребришете со чиста крпа. Веќе треба да го погледнете прекрасниот сјај на дрвениот мебел. Постапката може да ја повторувате додека забележите дека дрвото го впива средството многу поспоро. Тоа зависи од квалитетот на дрвото и од тоа колку било користено.

Комбинацијата на состојки помага да се исчисти дрвото, а воедно и ќе го нахрани. Маслиновото масло измешано со лимон е одлично за прекривање на ситните гребаници на дрвените површини во дневната соба и кујната, на столовите, итн.

Ви препорачуваме да прочитате: Отстранете водени дамки на дрвен мебел и подови со домашни средства.

Сподели: