дамки од вода

Како да ги отстраните дамките од вода на дрвените површини?

Ако на вашата клуб маса останат отпечатоци и дамки од чаши, нема потреба да се нервирате!Применете ги овие практични совети со чија помош лесно ќе се ослободите од нив. Иако, на прв поглед целата ситуација може да ви изгледа непријатна, всушност има многу начини на кои може да ги отстраните дамките од вода на дрвените површини како што се мебелот и подот.

На почеток можеби ќе ви изгледа дека масата повеќе никогаш нема да биде иста, но тоа воопшто не е точно. Па, следниот пат, кога вашите гости ќе заборават да ги користат подметнувачите за чаши, нема потреба да им се лутите. Дамките од вода и останатите пијалаци може да се отстранат на многу едноставни начини. Дознајте кои се тие!

дамки од вода

Направете паста со сода бикарбона и вода

Со помош на сода бикарбона може многу лесно да се ослободите од несаканите дамки на масата. Едноставно направете паста од 1 лажица сода бикарбона и 1 лажица вода. Потоа, со помош на чиста крпа размачкајте ја пастата врз дамката и со кружни движења тријте ја додека исчезне.

Маслиново масло и фен за коса

Земете фен за коса, вклучете го на најсилно и насочете го кон дамката. Држете го така, додека дамката избледи. Потоа, дрвената површина премачкајте ја со маслиново масло за да го заштитите дрвото.

Ако имате вазелин искористете го за отстранување на дамките на дрвениот мебел

Забележавте дамки на дрвениот мебел? Пред да си легнете истите премачкајте ги со вазелин кој ќе го оставите да дејствува преку ноќта. Утредента само пребришете со чиста и сува крпа и сите траги ќе исчезнат.

Отстранување на дамки со помош на сол

Во отстранувањето на дамките настанати од вода може да ви помогне и кујнската сол. Измешајте 1 лажичка сол со неколку капки вода, така што ќе добиете паста. Со вака подготвената паста истријте ја дамката со помош на сунѓерче за садови додека исчезне. После овој третман, мебелот исполирајте го со средство за дрво.

Може да ве интересира: 7 корисни употреби на солена вода во домаќинството и кујната за кои не сме знаеле досега.

Отстранете ги дамките со паста за заби

Земете паста за заби и нанесете мала количина врз дамката. Со помош на памучна крпа добро истријте ги флеките, а потоа пребришете со влажна крпа и нанесете средство за полирање на дрво. За уште подобар ефект може да измешате паста за заби со сода бикарбона.

Киселината може да ви помогне за блескав дом

Киселината е универзално средство за чистење кое едноставно мора да го имате во својот дом. Измешајте еднакви делови на киселина со маслиново масло и со таа смеса истријте го дрвениот мебел. Доколку дамката настаната од вода е премногу тврдокорна истријте ја со чиста киселина.

Ви препорачуваме да прочитате: Брзо отстранување на гребнатини од дрвените површини.

Сподели: