7 корисни употреби на солена вода во домаќинството и кујната за кои не сме знаеле досега 1

7 корисни употреби на солена вода во домаќинството и кујната за кои не сме знаеле досега

Повеќе од две третини од нашата планета припаѓа на морињата и океаните, па воопшто не е чудно што луѓето пронашле бројни начини како да користат солена вода. Ви откриваме мал дел од нив!

Солената вода може да се користи на многу начини во домаќинството, од чистење, па до ублажување на некои здравствени состојби. Прочитајте.

7 корисни употреби на солена вода во домаќинството и кујната за кои не сме знаеле досега 2

Во домаќинството

За чистење на вазни

Со времето во внатрешноста на вазните се насобираат нечистотии, а ако сакате ефикасно да ги измиете солената вода ќе ви помогне. Турете во вазната солена вода, брзо нишајте ја, а потоа измијте со сунѓер и детергент.

Подобрете ја состојбата на старите метли

Истрошените метли потопете ги во солена вода и оставете ги да стојат 2-3 часа. Потоа оставете да се сушат на воздух.

Отстранува дамки од метални садови

Ако сте забележале дамки на вашите омилени садови, едноставно во шерпа турете вода и 1/4 шолја сол, па оставете да стојат потопени преку ноќ. Наутро ставете го садот на шпорет и оставете солената вода да проврие околу 10 минути. тргнете ја од шпоретот и измијте го садот со чиста вода.

Отстранува неугодни мириси од фрижидерот

Колку и да го чистиме фрижидерот, мирисите се мешаат. Но, во ова може да ви помогне солената вода. се што треба да направите е да го пребришете фрижидерот со солена вода, а потоа со сува кујнска хартија.

Во кујната

Продолжете го векот на млекото

За да остане млекото што подолго свежо, додајте му прстофат сол. Сте го знаеле ли овој трик?

Може полесно да се лупат јајцата

Ако во водата во која ги варите јајцата додадете малку сол, полесно ќе се лупат јајцата.

За конзервирање овошје

Ако сакате овошките како јаболка и крушите да останат свежи што подолго, потопете ги во солена вода, избришете ги и исушите ги.

Ви препорачуваме да прочитате: Лековити својства на природната морска сол.

Сподели: