Ролнички со цимет, прелиени со глазура од крем сирење и ванила

Ролнички со цимет, прелиени со глазура од крем сирење и ванила

Совршен десерт за сите љубители на цимет! Меки ролнички, со неодолива арома, засладени со бела глазура. Звучи фантастично, зарем нѐ?!

Нашата пријателка Цветанка, ни сподели одличен рецепт за ролнички со цимет кои се топат во уста. Она што ви преостанува е да ги набавите потребните состојки и да ги изненадите домашните и пријателите со превкусен десерт.

Ролнички со цимет, прелиени со глазура од крем сирење и ванила

Состојки:

За тесто:

  • 420 г брашно
  • 50 г гранулиран шеќер
  • 50 г кафеав шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 ќесичка сув квасец
  • 1 лажичка цимет
  • прстофат морско оревче по желба
  • 1 јајце
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 120 г павлака
  • 6 лажици несолен путер.

За фил:

  • 120 мл млеко
  • 4 лажици путер
  • 5 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажица цимет.

За глазура:

  • 114 г крем сирење
  • 2 лажици путер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • 1 лажиче сок од лимон
  • 200 г шеќер во прав
  • 1 лажица млеко или по потреба.

Подготовка:

  1. Измешајте ги циметот и шеќерот во посебен сад и оставете ги настрана. Во друг сад ставете ги сувите состојки: брашно, сол, 5 лажици кафеав шеќер и квасец. Измешајте ги.
  2. Во сад на оган ставете ги млекото, путерот, ванилата и павлаката. Мешајте додека путерот не се растопи. Добиената смеса додајте ја во садот со брашното. Ставете го и јајцето и замесете меко нелепливо тесто.
  3. Извадете го тестото од садот на набрашнета површина и месете околу минути. По потреба, додајте брашно. Измесеното тесто ставете го во сад премачкан со масло, покријте го со кујнска крпа и оставете го да нарасне.
  4. На набрашнета површина развлечете го тестото во правоаголник со дебелина од 0,5 cm. Премачкајте ја површината со путер на собна температура, оставајќи помалку од еден сантиметар на една од тесните страни.
  5. Обилно посипете со шеќер и цимет. Почнувајќи од спротивните краеви на неподмачканата лента, завиткајте ролат.
  6. Исечете го тестото на рамномерни парчиња, долги околу 3-4 cm. Ставете ги ролничките со исечената страна нагоре во сад за печење и оставете ги да нараснат околу 40 минути. Потоа, ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути.
  7. За глазурата: Во сад ставете го крем сирењето, путерот, ванилиниот шеќер, солта, сокот од лимон и една лажица млеко и изматете додека смесата се изедначи. Додајте го шеќерот во прав и изматете уште еднаш додека целосно се соедини.  Половина од глазурата прелијте ја врз ролничките веднаш штом ги извадите од рерна. Другата половина откако ролничките ќе се изладат или непосредно пред сервирање. На здравје!

Совети плус:

  • Ако ролничките стануваат премногу кафеави на ознаката од 20 минути, покријте ги лабаво со фолија и продолжете со печењето.
  • Ако сакате потечна глазура, додајте уште 2 лажици млеко.

Автор на рецептот: Цветанка Белички.

Ви предлагаме да прочитате: Браунис со темно чоколадо – без шеќер и брашно.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: