печени посни ролнички со тиквички и моркови

Печени посни ролнички со тиквички и моркови – од кујната на Марија Кочовска

Превкусни и едноставни за подготовка! Летни, сочни и свежи. Приготвив печени посни ролнички со фил од тиквички и моркови. Инспирација за овој рецепт ми беа Vegan Natura и готовите кори за цирага бурек, но, несакав да ги припремам со пржење. Одлучив да направам поздрава варијанта со печење и зеленчуци. Ви препорачувам да ги направите во прва прилика! 

Ролнички со мелено месо

Ролнички со мелено месо

Одлична идеја за вкусен оброк! Ролнички со мелено месо, кои може и да ги послужите како мезе за вашите пријатели. Имаат одличен вкус па сигурни сме дека ќе му се допаднат на сите! Рецептот ни го испрати нашиот пријател Дејан, а ние го споделуваме со вас.

похувани ролнички

Похувани ролнички со шунка

Посакувате вкусен деликатес кој се подготвува за само 10 минути? Овие похувани ролнички со шунка се баш такви. Рецептот го подготви Катерина Јанкуловска, а ние го споделуваме со вас. Брзо и лесно до топло предјадење или вкусна вечера.

лиснати ролнички

Лиснати ролнички со колбаси

Вкусно мезе или слатка закуска за целото семејство! Неодоливо привлечни залачиња кои ќе ве мамат да посегнете по уште едно, сѐ додека не се изедат до крај. За овие лиснати ролнички со колбаси навистина вреди да издвоите малку време и да ги подготвите за некој специјален повод, ама и без причина штом ви се пријаде нешто домашно и месено.

цигара бурек

Цигара бурек со месо и сирење

Вистинско гурманско уживање за сите сладокусци кои обожаваат бурек, домашни пити и печива! Дали сте пробале цигара бурек? Последните месеци е хит на интернет во групите за готвење, а тоа ни беше мотивација да го приготвиме и испробаме овој рецепт. Ретко кој може да одолее на крцкав бурек со богат фил од месо или сирење. Набавете кори и свежо мелено месо, па направете го популарниот турски специјалитет познат како цигара бурек.

Лиснати коктел ролнички со колбаси 1

Лиснати коктел ролнички со колбаси

Доколку имате потреба за брзи и лесни за подготовка лиснати коктел ролнички ние го имаме совршениот рецепт за вас! Интересни и вкусни, имаат привлечен и симпатичен изглед, па со сигурност ќе ги красат вашите празнични трпези и коктел свечености.

Ролнички од модар патлиџан

Уште еден супер рецепт од кујната на Лана. Вкусните ролнички од модар патлиџан може да ги послужите како топло предјадење, но и како лесен појадок или вечера. Совршени се за оние денови кога не ви се готват комплицирани рецепти и не сакате да трошите часови во кујната.

Цимет ролнички 1

Цимет ролнички

За да се засладиме со идеален вкус време е да пробаме нешто ново! Ви го претставуваме нашиот нов рецепт. Станува збор за познатите цимет ролнички, подготвени во кујната на Се за храна.

Печени ролнички со фил од брокула и сирење 1

Печени ролнички со фил од брокула и сирење

Најубави се кога се послужени со кисело млеко! Очи полни радост ќе видите во сите членови од семејството, на пријателите, на саканите, штом ќе му ги послужите превкусните печени ролнички со фил од брокула и сирење! Најдобри се кога се топли, а може да се каже дека не губат квалитет ни кога ќе се изладат. Пробајте ги, препораката е од нашата пријателка Лана!

Ролнички со печурки и бешамел 1

Ролнички со печурки и бешамел

Топла порција од ролнички со печурки секогаш може да биде добра идеја за појадок, посебно ако обожавате печурки. Бешамелот го дополнува вкусот и ги прави извонредно сочни. Меки се и лесно се припремаат за кратко време.

Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска: Мазник со готови кори – лесен рецепт

Ако обожавате да јадете мазник, а не сакате да тегнете или сукате тесто, ви предлагаме најлесен начин да стигнете до целта, направете мазник со готови кори. Многу е вкусен и супер лесен и за нови и за искусни домаќинки кои штедат време. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.