похувани ролнички

Похувани ролнички со шунка

Посакувате вкусен деликатес кој се подготвува за само 10 минути? Овие похувани ролнички со шунка се баш такви. Рецептот го подготви Катерина Јанкуловска, а ние го споделуваме со вас. Брзо и лесно до топло предјадење или вкусна вечера.

Во топлите летни денови сите сакаме брзи и едноставни рецепти кои нема да ни одземат многу време. Израдувајте ги домашните со превкусни похувани ролнички со шунка за кои потребни ви се само неколку состојки и малку слободно време. Лесно се подготвуваат и може да ги направи секој. Имаат одличен вкус па веруваме дека ќе му се допаднат на сите!

похувани ролнички со шунка

Состојки:

  • бел леб сечен на парчиња
  • 1 павлака
  • 400 г кашкавал
  • 250 г шунка

За валање:

  • брашно
  • сусам
  • 5 јајца
  • лебни трошки.

Подготовка:

  1. Кашкавалот и шунката исечкајте ги на потенки парчиња.
  2. Со помош на сукало, исукајте го тенко секое парче леб.
  3. Парчињата леб премачкајте го со павлака. Врз павлаката ставете две парчиња салама и парче кашкавал.
  4. Вака подготвените лепчиња свиткајте ги во ролат.
  5. Брашното ставете го во посебен сад. Во друг сад ставете ги јајцата и изматете ги со помош на виљушка. Лебните трошки и сусамот измешајте ги во посебен сад.
  6. Подготвените ролати од лепчиња извалајте ги прво во брашно, па во јајца и на крај во мешавината од лебни трошки и сусам.
  7. Ставете ги да се пржат во тава на претходно загреано масло. Пржете околу 1 минута и вртете го лепчето од сите страни.
  8. Послужете ги топли во комбинација со тартар сос и чаша вино. На здравје!

Автор на рецептот: Катерина Јанкуловска (katerina_foodforfoodies).

Ви препорачуваме да прочитате: Похувани пилешки прсти со сусам и ленено семе.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: