Ролнички со мелено месо

Ролнички со мелено месо

Одлична идеја за вкусен оброк! Ролнички со мелено месо, кои може и да ги послужите како мезе за вашите пријатели. Имаат одличен вкус па сигурни сме дека ќе му се допаднат на сите! Рецептот ни го испрати нашиот пријател Дејан, а ние го споделуваме со вас.

За кратко време направете вкусни ролнички со мелено месо за вашето семејство. Наведената количина на состојки е за 3 ролнички, но по потреба може и да ја зголемите дозата. Во продолжение прочитајте што ви е потребно и направете ги што поскоро.

Ролнички со мелено месо

Состојки:

  • 2 листови готови кори
  • 200 г мелено месо
  • 1/2 глвица кромид
  • 1 јајце
  • маслиново масло
  • 1 лажичка димена црвена пипер
  • сол, црн пипер и лук во прав по вкус.

За сос:

  • павлака или грчки јогурт
  • маслиново масло
  • зачини ( нане, сол и црн пипер по вкус)

Подготовка :

  1. Кромидот ситно исечкајте го. Ставете го во тава со претходно загреано масло на ниска температура и пропржете го.
  2. Откако кромидот ќе омекне додајте го меленото месо и пржете околу 10 минути. Додајте сол, црн пипер, лук во прав и црвена пипер. Измешајте и оставете го садот настрана.
  3. Земете две кори и поделете ги на три еднакви делови. Врз секој дел ставете по една лажица од филот со мелено месо и завиткајте ги во ролат. Одозгора премачкајте ги со претходно изматено јајце.
  4. Наредете ги во тава, прелијте ги со маслиново масло и наросете крупна сол. Ставете го да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути (додека поруменат).
  5. Во меѓувреме подгответе го сосот. Во сад ставете го грчкиот јогурт или павлаката. Додајте маслиново масло и зачини (нане, сол, црн пипер и лук во прав по вкус).
  6. Готовите ролнички послужете ги со подготвениот сос. На здравје!

Автор на рецептот: Дејан Главчев (glavcevdejan).

Ви препорачуваме да прочитате: Лиснати коктел ролнички со колбаси.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: