Печени ролнички со фил од брокула и сирење 1

Печени ролнички со фил од брокула и сирење

Најубави се кога се послужени со кисело млеко! Очи полни радост ќе видите во сите членови од семејството, на пријателите, на саканите, штом ќе му ги послужите превкусните печени ролнички со фил од брокула и сирење! Најдобри се кога се топли, а може да се каже дека не губат квалитет ни кога ќе се изладат. Пробајте ги, препораката е од нашата пријателка Лана!

Од наведените состојки ќе добиете 10-тина ролнички, а по желба може да ги сечете на помали или поголеми парчиња и да добиете поинаков број на ролнични.

Печени ролнички со фил од брокула и сирење 2

Состојки:

  • 250 гр тенки кори за пита
  • 1 мала главица брокулa
  • околу 200 гр рендано сирење
  • неколку лажици кисело млеко
  • 1 јајце
  • сол и црн пипер по вкус.

За премачкување:

  • мешавина од масло и минерална вода по потреба
  • 1 јајце.

Подготовка:

  1. Брокулата прво измијте ја, па поделете ја на помали цветчиња. Варете ја неколку минути во солена вода која врие. Исцедете ја и измешајте ја со ренданото сирење. Додајте едно јајце и посолете по вкус. Измешајте и филот е готов.
  2. Корите за пита исечете ги со остар нож на половина, а потоа редете ги според упатствово. Првата кора премачкајте ја со мешавината од масло и минерална вода, преку неа ставете ја втората кора и повторно премачкајте.
  3. На еден од краевите ставете една лажица од готовиот фил и завртете ја кората во ролат. Постапката повторувајте ја додека се потрошат корите.
  4. Пред печењето, премачкајте ги со малку од мешавината направена од масло и вода, или уште подобро со едно изматено јајце, а по желба посипете и со сусам. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени за време од околу 20-30 минути, или додека заруменат.

Ви препорачуваме да прочитате: Ролнички со печурки и бешамел.

Сподели: