Цимет ролнички 1

Цимет ролнички

За да се засладиме со идеален вкус време е да пробаме нешто ново! Ви го претставуваме нашиот нов рецепт. Станува збор за познатите цимет ролнички, подготвени во кујната на Се за храна.

Може да ве интересира: Колач со кандирано овошје.

Цимет ролнички 2

Состојки:

За тесто:

  • 400 г брашно
  • 3 лажици шеќер
  • 100 мл млеко
  • 3 лажици путер
  • 1 јајце

За фил:

  • 3 лажици путер
  • 5 лажици цимет
  • 200 г кафеав шеќер.

Подготовка:

  1. Јајцето се мати со шеќерот и путерот, па се додава млекото.
  2. Во вака подготвената смеса се додава брашното и се замесува меко тесто.
  3. Од тестото на набрашнета површина се расукува кора во форма на правоаголник.
  4. Кората се премачкува со путерот и се попрскува со циметот и кафеавиот шеќер.
  5. Од вака подготвената кора се формира ролат кој се сече на парчиња со дебелина од 1 см.
  6. Ролничките се редат во плех обложен со хартија за печење.
  7. Се печат во загреана рерна на 180°С, за време од 25 минути или додека да добијат златножолта боја.

Ви предлагаме да прочитате: Печени крофни со јаболка и цимет.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: