Обожаваме кога го листаме блогот на нашата пријателка Лана! Деновиве наидовме на превкусните лешник штанглички и срца кои се прават од истата смеса. Ги пробавме и знаевме дека не смееме, а да не ги споделиме со вас!
Од оваа доза на состојки не излегуваат многу колачи, па ако сакате поголема доза зголемете ги состојките. Како и да е, од оваа количина ќе добиете една полна поголема чинија.

Состојки:
- 150 гр шеќер
- 100 мл вода
- 125 гр маргарин
- 150 гр мелени лешници
- 150 гр мелени бисквити
За глазура од чоколадо:
- 50 гр чоколадо
- 5 лажица масло
За фондан:
- 150 гр шеќер во прав
- неколку лажици врела вода
- 1/2 лажичка нескафе
- 1 лажичка лимонов сок
- 1 лажичка масло.
Подготовка:
- Најпрво ставете ги 100-те мл вода заедно со шеќерот да провријат околу 3 минути. Треба да добиете сируп со густина на мед. Тргнете го од ринглата и во врелиот сируп додајте маргарин исечкан на коцки, па мешајте додека се растопи. Додајте ги мелените бисквити и добро измешајте ја смесата за да се изедначи.
- Подгответе ги штангличките. Смесата турете ја во помали плитки калапи обложени со хартија за печење и израмнете ја површината. Почекајте малку да се излади и прелијте со глазура од чоколадо. Сечете на штанглички и секоја украсете ја по желба со растопено чоколадо.
- Подготовка на колачите во облик на срце. Додека смесата сеуште е топла, наполнете мали силиконски калапи во облик на срце и оставете да стои преку ноќта во фрижидер, за да се излади и да се стегне. Утредента внимателно изладете ги срцињата од калапот и декорирајте ги со фондан или по желба.
- Подготовка на фондан. Во длабок сад ставете го шеќерот во прав, додајте половина лажичка нескафе растворено во ладна вода, па постепено додавајте по малку врела вода и без престанување мешајте до посакуваната густина. Доколку е потребно, можете да додадете уште малку шеќер и вода. На крај, турете лажичка лимонов сок и малку масло за фонданот да биде сјаен. Оставете да постои и да се стегне, па сместете ги во хартиени корпички и уживајте во нив!
Ви препорачуваме да прочитате: Визитарски колачи чизкејк коцки.