veligdenski puter kolaci

Готвиме со Марија Кочовска: Велигденски путер колачиња од 5 состојки

„Празничната магија внеси ја во својот дом! Мирис на ванила, путер и весели колачиња за среќни празници. Време е за радост, подготовка на најубавите јадења и десерти, и празнување. Овие празници направи велигденски путер колачиња со само пет состојки.

Заедно со најмалите декорирајте ги и креирајте моменти на среќа кои ќе се паметат долго. Направете шарени јајца, пилиња, зајчиња, цветови…, а може да освоите и подарок (прочитај подолу како може да учествуваш во велигденското подарување)“ – вели Марија од нашиот тим.

велигденски путер колачиња

Состојки:

Подготовка:

  1. Во длабок сад се мешаат путерот и шеќерот во прав. Штом смесата се соедини се додаваат јајцето и екстрактот од ванила. Се меша и се додава Екстра белото брашно.
  2. Се замесува тестото. Тестото се дели на два дела.
  3. Секој дел се става во харија за печење и се сучи правоаголна кора. Кората се става во замрзнувач за време од 20-30 минути.
  4. Потоа се вади и се сечат форми како јајце, зајаче… Колачињата се редат во тава обложена со хартија за печење. Тавата се става во фрижидер 20-30 минути. Колачињата се печат во загреана рерна на 180 степени за време од 12-15 минути. Важно е останат бели, да не потемнат по краевите.  
  5. Се остават да се изладат, а потоа се декорираат по желба со кралска глазура (Royal Icing) – со белка, фондан или бело чоколадо. Подготовката и начинот на декорација, погледни ги на видеото. Среќни празници! 

Совети плус:

  • Путерот и шеќерот може да ги изматиш и со миксер. 
  • Исто, штом ги додадеш јајцето и ванилата може да изматиш со микер. Така за пократко време ќе ги направиш колачиња.  
  • Веднаш штом ги извадиш печените колачиња може да ти изгледаат дека не се доволно испечени, но потребно е да изладат. Ако го продолжиш времето на печење, може да потемнат. 
  • Повеќе идеи и празнични рецепти разгледај на моите профили и заследи ме: Instagram – @kocovska.marija, Facebook – Marija Kocovska

А знаеш дека може да освоиш и подарок од Жито Лукс? Направи го твојот омилен рецепт со брашно од Жито Лукс и приклучи се во дарувањето кое трае до 18.04.2023. Кликни на линковите и учествувај:

Giveaway - со Жито Лукс

Може да те интересира: Совети и препораки за најдобар велигденски козињак (милиброд).

*Рецептот е овозможен од Жито Лукс

Сподели: