Витаминот Б-2, кој е познат како рибофлавин е значен витамин кој има улога на антиоксиданс во организмот. Важен е за одржување на здравјето на крвните клетки, ја зголемува енергијата, помага за здрав метаболизам, го штити организмот од штетните радикали, го подобрува изгледот на кожата и здравјето на очите… Има многу придобивки, а во оваа прилика ќе ве запознаеме со улогата на витаминот Б-2 против главоболка, мигрена и анемија.
Витаминот Б-2 е растворлив во вода, па како и останатите Б витамини мора да се надополнува преку балансирана исхрана секој ден, со цел да се избегне неговиот недостаток.

Витамин Б-2 за превенција на главоболка и мигрена
Витаминот Б-2 може да се користи за намалување на главоболките и мигрената. Докторите често пати препишуваат терапија со рибофлавин во високи дози од 400 мг/ден во период од 3 месеци како превентивен третман за главоболки или превенција на сериозни напади на мигрена.
Суплементацијата со рибофлавин, особено ако е потврден недостаток на овој витамин, е призната како алтернативна помошна метода за намалување на главоболката и фреквенцијата на мигрена. Земањето на суплементи со витамин Б-2 може да ги намали симптомите, болката и времетраење на мигрената.
Може да помогне за превенција и третман на анемија
Анемијата може да биде предизвикана од неколку фактори, вклучувајќи намалена продукција на црвени крвни клетки, неможност за транспорт на кислородот во крвта и загуба на крв. Витаминот Б-2 е вклучен во сите овие функции и помага за превенција и третман на причините кои доведуваат до анемија.
Витаминот Б-2 е потребен за синтеза на стероидните хормони и производство на црвените крвни клетки. Исто така помага за транспорт на кислородот до клетките и помага за мобилизација на железото. Лицата кои имаат недостаток на Б-2 како резултат на помалиот внес преку исхраната, стануваат поподложни на ризик за развој на анемија.

Малиот внес на витамин Б-2 доведува до нецелосно искористување на кислородот и проблеми со производството на црвени крвни клетки. Ова доведува до замор, недостаток на воздух, неможност за физичка активност и други состојби.
Истражувањата покажале дека витаминот Б-2 исто така влијае за намалување на високата количина на хомоцистеин во крвта. Оваа состојба настанува кај некои лица кои не се во можност за претворање на хомоцистеинот од крвта во аминокиселини кои организмот може да ги искористи.
Суплементацијата со витамин Б-2 (рибофлавин) покажала дека може да помогне за подобрување на оваа состојба и да доведе до балансирање на нивоата на хомоцистеин.
Суплементи со витамин Б-2 кои се достапни кај нас
Рибофлавинот има клучна улога во претворањето на аминокиселините и мастите во аденозин-трифосфат (ATP), кој му ја дава потребната енергија на телото. Витаминот Б-2 учествува и во претворањето на витаминот Б-6 и фолната киселина во нивните активни коензимски форми, ја подобрува заштитата од слободните радикали, така што е неопходен за регенерација на глутатионот кој го снабдува телото со природни одбранбени механизми и системи на детоксикација, игра важна улога во разградување на мастите, протеините и јаглените хидрати, го поттикнува нормалниот развој и е многу важен за доенчињата, помага во синтезата на адреналин, стероиди, црвени крвни зрнца како и гликоген.
Од суплементите кои се достапни кај нас го препорачуваме витаминот Б-2 од Now Foods. Има повеќе полезности меѓу кои:
- превенција на мигрена
- при улцерозен стоматит
- за одржување на физичката кондиција на врвните спортисти
- го зајакнува имунолошкиот систем
- ја поттикнува концентрацијата
- ги превенира кожните заболувања (акни, дерматитис, егземи)
- го подобрува видот и го ублажува заморот во очите, превенција од катаракта и глауком.
Повеќе информации за Б-2 од Now Foods, прочитајте на веб страницата на Тримекс. Овој додаток во исхраната може да се набави од сите поголеми аптеки или на онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Ви предлагаме да прочитате: Истражувавме за GABA! Неуротрансмитер кој е спас од анксиозност и несоница.
*Спонзориран текст