што е биотин и кои се негови извори?

Биотин – витамин Б7 за силна коса, здрава кожа и цврсти нокти

Биотинот – витаминот Б7 е дел од семејството на витамините од Б комплексот. Тој е уште познат и како витамин Х. Учествува во претворањето на одредени хранливи материи во енергија, односно врши синтеза на протеини, јаглехидрати и масни киселини. Има бројни придобивки, а најмногу е познат по неговата важна улога за здравјето на косата, кожата и ноктите.

Недостатокот на биотин доведува до кршлива коса, слаби нокти, а кожата почнува да се лупи и старее. Како витамин го штити црниот дроб, нервниот систем и претставува клучен нутриент за време на бременоста, бидејќи е важен за растот на ембрионот. А во текст кој следува ве запознаваме подетално со важноста на биотинот во полза на убавината!

што е биотин и кои се негови извори

Биотинот го помага растот на косата и ги зацврстува ноктите

Кератинот е основен протеин кој ја сочинува структурата на косата, кожата и ноктите. Биотинот го подобрува нивото на кератин во телото, па така влијае на зајакнување на косата, кожата и ноктите. Иако e мал бројот на спроведени истражувања на оваа тема, сепак има докази кои сугерираат дека зголемениот внес на биотин може да го поттикне растот на косата. Така, во една студија спроведена во 2015 година, на група жени кои се соочувале со опаѓање на косата им бил даден орален додаток кој во својот состав содржел биотин и други состојки, а на друга група со истиот проблем им била дадена плацебо таблета. Тие ги консумирале овие таблети два пати на ден во рок од 90 дена. На почетокот и на крајот од ова истражување им биле направени слики на одредени делови од скалпот. На крајот од истражувањето, на секоја од учесничките детално и било преброено секое влакно коса. Истражувачите откриле дека жените кои земале таблети со биотин имале значителен пораст на нова коса, во однос на оние кои земале таблети со плацебо ефект.

Друга студија го испитувала влијанието на биотинот врз ноктите. Во ова истражување биле вклучени 35 лица со кршливи нокти кои секојдневно земале суплементи со 2,5 мг на биотин во период од шест недели до седум месеци. Кај 63% од испитаниците било забележано подобрување на цврстина на ноктите.

Природни извори на биотин

Најверојатно со храната која секојдневно ја консумирате веќе ги задоволувате дневните потреби на биотин. Но, имате слаба и кршлива коса, а ноктите ви се лупат, ви препорачуваме исхраната да ја збогатите со следниве намирници:

  • црн дроб и бубрези
  • жолчка од јајце
  • ореви, бадеми, кикиритки
  • соја и други мешунки
  • целозрнести житарки
  • сончогледови семки
  • лосос
  • банани
  • карфиол
  • печурки.

Бидејќи, термичката обработка на храната може да ја намали ефикасноста на биотинот, потрудете се да консумирате сурова или пак минимално обработена храна.

Додатоците во исхраната со биотин се достапни и кај нас

Најдобро е потребните хранливи материи да се внесуваат преку балансирана исхрана, но секој од нас е различен, па така некои лица имаат потреба од суплементи. Ако се храните здраво, но повторно имате проблем со косата и ноктите, можеби потребен ви е додаток во исхраната. Од суплементи кои се достапни кај нас го препорачуваме Biotin од Now Foods. Има повеќе полезности меѓу кои:

  • производство на енергија
  • поддржува метаболизам на аминокиселини
  • промовира нормална имунолошка функција
  • игра клучна улога во здравјето на кожата.
биотин

Повеќе информации за Biotin од Now Foods, прочитајте на веб страницата на Тримекс. Овој додаток во исхраната може да се набави од сите поголеми аптеки или на онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Совет плус:

Консумирањето на повеќе храна богата со биотин не носи никакви ризици по здравјето, но доколку се одлучите да употребувате суплемент на база на овој витамин, претходно треба да се консултирате со вашиот доктор. Биотинот е витамин растворлив вода, така што ако ги премините дневните препорачани дози, тој ќе се исфрли преку урината. Ова го прави потенцијалното предозирање со биотин речиси невозможно. Во ретки случаеви може да се појави осип на кожата, кој може да биде знак за предозирање со биотин.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 причини зошто се потребни додатоци во исхраната.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: