додатоци на исхраната 1

5 причини зошто се потребни додатоци во исхраната

Често сте под стрес? Пушите? На диета сте? – Во овие ситуации може да настане недостаток на витамини и минерали кои се од голема важност за нормално здравје. Затоа, истите е потребно да се земаат во вид на додатоци во исхраната.

Има стручни лица од областа на храната и здравјето, кои сметаат дека ако внесувате нутритивно богата храна и водите здрав живот, нема потреба од дополнителен внес на витамини, минерали и други хранливи материи. Но, постојат одредени причини поради кои се потребни додатоците во исхраната. Поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска и ви споделуваме неколку совети кои произлегоа од нашиот разговор. Еве во кои ситуации треба да обрнете внимание:

додатоци на исхраната 2

Ако консумирате помалку од 5 порции овошје и зеленчук дневно

Според советите на лекарите и нутриционистите, се препорачува дневно да се внесуваат вкупно 5-6 порции свежо овошје и зеленчук. Се смета дека на тој начин ќе се обезбеди внес на сите потребни хранливи материи, односно нутриенти. Доколку не сте во можност да внесувате толку овошје и зеленчук, за да ги надополните потребите за витамини и минерали, потребно е да ги обезбедите преку додатоци на исхраната – кликни за да погледнеш од проверен производител.

При употреба на лекови

Лековите кои се препишуваат поради некакви заболувања, го намалуваат имунитетот и доведуваат до нутритивни недостатоци. Најчесто настанува недостаток на магнезиум, витамин Б6, Б12 и витамин Ц.

Кога сте под стрес

Секојдневниот стрес предизвикува зголемување на потребите од витамините од Б комплексот. Недостатокот може да претставува голем проблем за организмот. Ако немате време за готвење на месо, а посебно црвеното е богато, тогаш информирајте се кои други намирници се корисни, на пример целозрнестите житарици и секако земете додатоци на исхраната.

Пушење на цигари

Пушењето влијае на апсорпцијата на витамини и минерали. Ако сте пушач, без разлика колку и да се храните здраво, сепак организмот страда од недостаток на нутриенти. На пример, пушењето влијае неповолно на нивото на витамин Д во телото.

Ако сте веган, вегетаријанец или сте на диета

Лицата кои се на посебен режим на исхрана поради дебелина и болест, се соочуваат со нутритивен недостаток. Истото важи и за оние кои не внесуваат храна од животинско потекло. Кај веганите и вегетаријанците се јавува недостаток на железо и витамин Б12 кои речиси и да ги нема во растителната храна. Во тој случај, потребен е нивен внес преку додатоци на исхраната.

Наша препорака:

Кога станува збор за додатоци во исхраната, наш прв избор секогаш се производите на Тримекс. На нивната онлајн продавница може да се најдат и да се нарачаат голем број на витамини, минерали, пробиотици и други додатоци.

За надополнување на потребите за магнезиум, кој е еден главните минерали коли му се неопходни на организмот, може да ви помогнат Magnesium меките капсули, Magnesium Citrate и Magnesium Malate. Magnesium меките капсулиMagnesium Citrate и Magnesium Malate придонесуваат за:

  • намалување на заморот и исцрпеноста
  • за електролитна рамнотежа
  • нормален енергетски метаболизам
  • нормално функционирање на нервниот систем
  • нормална мускулна функција
  • нормална синтеза на протеини
  • нормална ментална функција
  • одржување на здрави коски
  • одржување на здрави заби

Ако употребувате некои лекови, тогаш вашиот организам има потреба од витамин Ц. AlphaSorb-C е уникатна и патентирана некиселинска форма на витаминот Ц која содржи некиселински минерални аскробати и природни состојки. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник. AlphaSorb-C во својот состав содржи и алфа липоична киселина.

Бидејќи пушењето влијае на нивото на витамин Д, пожелно е пушачите да го земаат како додаток на исхраната. За таа цел, го препорачуваме NOW® Vitamin D-3. NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула од 1000 ИЕ и 10 000 ИЕ, како и високо апсорблива течна форма на маслен раствор од 400 ИЕ и 1000 ИЕ.

NOW® Vitamin D-3 придонесува за:

  • поздрава кожа и коса
  • посилни коски
  • подобра состојба на забите
  • подобро расположение
  • зголемена енергија и концентрација
  • посилен имун систем.

Кога сте под стрес, користите лекови или практикувате посебен режим на исхрана, големи се шансите да имате недостаток на витамините од Б групатавитамин Б5 (пантотенска киселина), ниацин (Б3), Б12 (кобаламин) или витамин Б2 (рибофлавин). И тука, повторно ги препорачуваме нашите пријатели Тримекс.

Пантотенската киселина помага за третман на акни, за нега на косата, при остеоартритис и ревматоиден артритис, за намалување на телесната маса и за регулирање на холестеролот. Flush Free Niacin содржи инозитол и:

  • претставува нутритивно здравје
  • ги штити нервите
  • поддржува здрава циркулација
  • одржува здрави нивоа на холестерол.

Methyl B-12 го поддржува здравјето на нервниот систем и производството на енергија. Особено се препорачува на вегани и вегетаријанци. Vitamin B-2 помага при производство на енергија, а потребен е и за регенерација на глутатион, кој ги поддржува природните механизми на организмот за одбрана и системите за детоксикација. Ја поттикнува концентрацијата и го зајакнува имунитетот.

Повеќе за гореспоменатите производи прочитајте на онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: 11 едноставни чекори до силен имунитет.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: