Алцхајмерова болест

Д-р Нела Деспотовска советува – Витамин К за превенција на Алцхајмерова болест

Дали внесуваш доволно витамин К? – Време е да дознаеш, затоа што според новата научна студија објавена во Nutrients, витаминот К освен што поврзан со здрави коски и артерии, може потенцијално да го намали ризикот од Алцхајмерова болест. Како витаминот К помага за превенција на Алцхајмерова болест? Во кои намирници го има? – На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска.

Како витаминот К помага во превенција на Алцхајмерова болест?

Витаминот К е еден од есенцијалните витамини кој има улога во зацврснување на коските, но исто и во одржувањето на здравјето на артериите

Поновите научни истражувања сугерираат дека витаминот К може да има придобивки за здравјето на мозокот. Една од формите на витаминот К, К2 може да помогне за забавување на развојот на Алцхајмеровата болест. Витаминот К ги штити нервните клетки од штетните супстанции во мозокот и на тој начин го спречува нивното умирање. 

Алцхајмерова болест

Кај лицата кои генетски имаат предизпозиции за развој на Алцхајмерова болест, забележална е пониска метаболна продукција на витамин К. 

Друга студија утврдила дека лицата кои се во рана фаза на Алцхајмер, консумираат помалку витамин К во споредба со другите испитаници кои немале знаци на заболување. 

Витаминот К го има во различни форми. Која форма помага за превенција на Алцхајмерова болест?

Витаминот К е достапен во различни форми и секоја од нив обезбедува различни придобивки, особено кога станува збор за одржување на кардиоваскуларното здравје и здравјето на коските. Да ги разгледаме двете најчестите форми од витаминот К и како тие се разликуваат. 

Витамин К1

Витаминот К1 е најчестата форма во исхраната и игра витална улога во згрутчувањето на крвта и регулирање на нивото на калциум во коските.  

Витамин К2

Витаминот К2 е есенцијален за одржување на силни, здрави коски и флексибилни артерии. Новите истражувања укажуваат дека К2 може да помогне во спречувањето на невроинфламацијата и митохондријалната дисфункција, додека помага и за одржување на здрава мозочна функција, кардиоваскуларно здравје и многу повеќе.

Кои се извори на витамин К?

Веќе ги разгледавме придобивките од витаминот К, па сигурно се прашуваш кои намирници се богати со овој витамин и како може да го вклучиш во исхраната. Кога станува збор за витаминот К одговорот не е едноставен. 

Зелениот лиснат зеленчук е богат со витамин К1, но проблемот е што оваа форма многу малку се апсорбира, кога исхраната е единствен извор. 

К2 се наоѓа во месото, јајцата и млечните производи. Но, количината која ја содржат е многу мала. Затоа кај лицата кои се под ризик за Алцхајмерова болест се препорачува дополнителна суплементација. 

Дали кај нас може да се најде витамин К2?

Да, витаминот К2 е достапен и кај нас. Истиот може да се најде во повеќе подгрупи, но најзначајни се MK-4 и МК-7. На нашиот пазар доставен е витамин К2 во форма на МК-7. MenaQ7® MK-7 е уникатна без соја, биодостапна форма на витамин К-2 која игра клучна улога во артериското здравје преку нејзината способност за поддршка на соодветен метаболизам на калциум во крвните садови и артериите.

Алцхајмерова болест

Може да се набави од аптеките или преку онлајн продавницата на vitamini.mk. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Кој не треба да зема витамин К?

Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови (особено антикоагулантни лекови како што се варфарин, Coumadin®, хепарин) или имате некаква медицинска состојба. Ако сте преживеале срцев удар, мозочен удар или сте склони кон крвни згрутчувања, пред да почнете да земате витамин К консултирајте се со доктор.

Може да те интересира: Витамин К2 – моќен нутриент важен за целокупното здравје.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: