Коензмин Q10

Го штити срцето, помага при алергии и мигрени – зошто е важен коензимот Q10 (CoQ10)?

Значаен е за срцето, плодноста, мозокот, кожатаКоензимот Q10 (CoQ10) е природен нутриент присутен во секоја клетка и неопходен за производството на клеточна и мускулна енергија во организмот. Зошто е важен коензимот Q10? – На оваа тема поразговоравме со Д-р Нела Деспотовска. 

Кога снабдувањето со CoQ10 е ниско, клетките стануваат неефикасни и ранливи, имунолошкиот систем слабее, чувствителноста на одредени здравствени нарушувања се зголемува, започнува процес на предвремено стареење и срцето слабее.

Коензим Q10

Коензимот Q10 го чува здравјето срцето. При кои состојби се препорачува?

Дали знаете дека најголемата концентрација на коензим Q10 е во срцето? Недостатокот на коензим Q10 влијае за послаба функција на срцевиот мускул, што исто така доведува до срцева слабост.

Затоа, докторите го препорачуваат да се користи во превенција и ублажување на симптомите на:

  • срцева слабост
  • ангина пекторис
  • срцев удар
  • висок крвен притисок. 

Препорачаната дневна доза за наведените состојби е 90-100 mg.

Како моќен антиоксиданс, во комбинација со витаминот Е, учествува во спречувањето на развојот на атеросклероза, бидејќи ја спречуваат оксидацијата на LDL-холестеролот и неговото налепување на ѕидовите на крвните садови.

Велат дека коензимот Q10 може да помогне за намалување на симптомите на алергија. Како треба да се користи?

Коензимот Q10 поседува и антихистаминско дејство, така што помага за намалување или спречување на алергиската реакција. Го зајакнува имунитетот, така што го поттикнува растот на клетките на имунолошкиот систем и производството на антитела. 

Во овој случај се препорачува да се користи неколку недели пред почетокот на алергијата, доколку е сезонска на полен или во текот на целата година (по препорака од лекар) кога станува збор за алергија на прашина. 

coenzim Q10

Дали е ефикасен кај лица со мигрена? 

Коензимот Q10 може да помогне при мигрена, затоа што ја зголемува циркулацијата на крвта. Се препорачува да се користи кај лица кои имаат мигрени, како резултат на лоша циркулација во мозокот. Дури и доза од 100 mg на ден има позитивни ефекти врз: 

  • Намалување на зачестеноста
  • Интензитетот
  • Времетраењето на главоболката.

Ефектот на коензимот Q10 не е докажан кај мигрени кои се јавуваат од спазам на мускулите на вратот или од стрес. 

Други придобивки од користење на CoQ10 се: зголемена плодност, здраво стареење на кожата, подобрување на спортските перформанси, превенција во карциноми, заштита на здравјето на белите дробови и придобивки кај лица со дијабетес. 

Дали има доволни количини во храната? Кој CoQ10 го препорачувате?

Во храната е присутен во рибата, месото и мали количини во oревите. Бидејќи најчесто прехранбениот внес на CoQ10 е околу 2 до 5 mg дневно, храната како извор не обезбедува доволни количини. Затоа се препорачува дополнителен внес на овој коензим. Го препорачуваме CoQ10 од брендот NOW – кој е еден од најдобрите светски производители на додатоци во исхраната. CoQ10 е достапен во три варијанти, кои може да се набават онлајн преку vitamini.mk или да се купат од поголемите аптеки низ земјата:

ВАЖНО: Доколку земате лекови за срце, консултирајте се со вашиот лекар. CoQ10 го јакне срцевиот мускул и може да влијае на препишаната доза на лекови.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Дознај повеќе на оваа тема: Д-р Нела Деспотовска советува: CoQ10 е чувар на срцето и младоста.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: