Дали кивањето и заморот во есен се должат на алергија или настинка?
Затнат нос, црвени и иритирани очи, чешање, кивање и кашлање се најчестите симптоми карактеристични за алергија. Човек може да биде алергичен на храна, лекови, хемиски супстанции, метали, влакна од животни, убод од пчели, алергија на сонце итн. Најчести се сезонските алергии кои се јавуваат во пролет и лето кога концентрацијата на полен и други предизвикувачи во воздухот е многу висока. Без разлика која е причината за појавената алергија ви откриваме кои се најдобрите природни антихистаминици.
Пролетта важи за едно од најубавите годишни времиња, а многумина од нас не можат да уживаат во нејзиниот раскош, зелената трева и опојните цвеќиња. Тоа се должи на пролетните (сезонски) алергии кои понекогаш се многу непријатни. Ако овој период од годината се соочувате со солзење на очите, иритација на грлото, затнат нос, зуење во ушите… време е да преземете мерки и да го подобрите здравјето. Еве неколку добри намирници против пролетна алергија кои треба да ги јадете речиси секој ден.
Намалената функција на црниот дроб може да ги зголеми ризиците за кардиоваскуларни заболувања како што се артериосклероза, хипертензија, срцев и мозочен удар. Исто така, неправилната работа на црниот дроб може да доведе до појава на масни наслаги околу абдоминалната област. Во продолжение прочитајте кои знаци укажуваат на тоа дека можеби треба да направите измена во начиниот на живот и да се ослободите од токсините во црниот дроб.
Сигурно голем дел од вас слушнале дека не треба истовремено да се консумира риба и млечни производи. Но, дали некој подетално ви кажал зошто е тоа така? Сведоци сме дека за храната постојат голем број на митови во кои луѓето веруваат. Ги разработивме подетално научните истражувања и докази, и одлучивме повеќе да ве информираме на оваа тема.