пролетна алергија

8 намирници против пролетна алергија

Пролетта важи за едно од најубавите годишни времиња, а многумина од нас не можат да уживаат во нејзиниот раскош, зелената трева и опојните цвеќиња. Тоа се должи на пролетните (сезонски) алергии кои понекогаш се многу непријатни. Ако овој период од годината се соочувате со солзење на очите, иритација на грлото, затнат нос, зуење во ушите… време е да преземете мерки и да го подобрите здравјето. Еве неколку добри намирници против пролетна алергија кои треба да ги јадете речиси секој ден.

Цитрусите се богати со витамин Ц

Неколку студии ги потврдиле ефектите на витаминот Ц за ублажување на сезонската алергија. Портокалите, лимоните и грејпфрутот се богат извор на витамин Ц. А, доколку вашиот доктор ви препорача суплементација со витамин Ц, ви предлагаме да набавите AlphaSorb-C од NOW Foods. Станува збор за супериорна киселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц.

намирници против пролетна алергија

Зошто AlphaSorb-C од NOW Foods?

Има големи позитивни ефекти при:

  • настинка, грип и инфекции
  • алергии
  • помага во детоксикација
  • лечење на рани
  • создавање и стабилизирање на колагенот
  • ги елиминира слободните радикали и ги штити клетките од оксидација.

Сега, благодарение на Тримекс, овој витамин може да го набавиме од сите подобро снабдени аптеки низ земјата, а исто така може да го порачате преку нивната онлајн продавница, каде што може да прочитате повеќе информации за него.

Јаболка се богати со флавоноиди

Една студија која ја истражувала исхраната на Крит, утврдила дека лицата кои редовно консумираат јаболка имаат поголема отпорност при алергии и астма. Јаболката се богати со кверцетин, една врста на флавоноид, кој ефикасно делува против воспаленија. Кората на јаболката е богата со антиоксиданси, особено полифеноли кои ги штитат клетките од оштетувања. Наша препорака: изберете органски или еколошки одгледани јаболка!

Јаткасто овошје е добар извор на магнезиум и витамин Е

Јаткастото овошје, особено бадемите се богати со магнезиум и витамин Е. Магнезиумот помага за опуштање на спазмите на бронхиолите кои може да се јават при алергија (особено ако се работи за астма). Витаминот Е од друга страна може да помогне да се подобри имунитетот. Овој витамин исто така помага во заштитата на организмот од слободните радикали и на тој начин го спречува воспалението на ткивата.

Како додаток на исхрана, го препорачуваме Magnesium Citrate на Now Foods. Може да го купите или повеќе да прочитате тука, да се информирате во поголемите аптеките или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Консумирајте храна или земете суплементи со Омега-3 масни киселини

Лененото семе е богат избор на омега 3 масни киселини кои се познати по своето антивоспалително дејство, а се важни за здраво срце и силен имунитет.

омега 3 масни киселини

Покрај тоа, Омега-3 посебно се значајни за:

  • кардиоваскуларниот систем
  • помагаат при алергии и псоријаза
  • важни се за намалување на нивото на триглицериди во крвта
  • го намалуваат интензитетот на воспалителните процеси
  • го зајакнуваат имунитетот
  • поволно влијаат за време на бременост, како врз фетусот, така и врз бремената жена.

Доколку вашиот доктор ви препорачал употреба на Omega-3, важно е да имате во предвид неколку факти. Секогаш изберете квалитетен производ, а можеме да ги препорачаме NOW молекуларно дестилирана Omega-3. Овој додаток во храната претставува природен концентрат на рибино масло произведен од цели сардини, сардели и скуши, со мулти-патентиран процес на производство.

  • Единствена молекуларно дестилирана, без холестерол и со гарантирано чисти износи на EPA и DHA масни киселини во нивната природна форма.
  • Фармацевтски степен на квалитет тестиран во независни лабаратории за отсуство на сите загадувачи од околината (нема диоксини, жива, пестициди или тешки метали карактеристични за рибините масла).

Овој додаток во исхраната може да ги порачате преку онлајн продавницата на Тримекс, со бесплатна достава до вашиот дом или да ги купите низ аптеките во Македонија. За сите прашања кои ги имате во врска со користењето на омега-3, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk или јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Може да ве интересира: Зошто Omega-3 се нарекуваат масти кои живот значат?

Кромид и лук

Како и јаболката, лукот и кромидот се богати со кверцетин. Благодарение на состојките кои ги содржат, со право може да се наречат ефикасни природни намирници кои помагаат за превенција и ублажување на пролетните алергии.  

пролетна алерија

Брокула

Интересно е што некои истражувања покажале дека консумацијата на брокула благотворно делува на синусите. Ако синусите ви се најосетливи овој период, сервирајте брокула во вашата чинија.

Кељ

Кељот е богат со каротеноиди, за кои е познато дека ги ублажуваат алергиските реакции. За да го искористите во целост, консумирајте го со добри масти како што е маслиновото масло.

Како се справувате вие со пролетните алергии? Имате ли некоја успешна мала тајна која сакате да ја споделите со сите?

*Спонзориран текст

Ви предлагаме да прочитате: 6 природни лекови кои помагаат при пролетна алергија.

Сподели: