Што е глутен? 3 показатели дека можеби треба да се тестирате за сензитивност

Што е глутен? 3 показатели дека можеби треба да се тестирате за сензитивност

Дали ви се случило да донесувате одлуки на „своја рака“ без да се консултирате со доктор? Денес често слушаме за алегрија или сензитивност на глутен, а голем број луѓе не се добро информирани кои се знаците, односно симптомите кои укажуваат на негова нетолерантност од организмот.

Глутенот е протеин кој се среќава во група житни растенија, како што се пченица, ‘рж, јачмен, а неговата улога е да и помогне на храната да ја задржи својата форма, заради што често се опишува како леплива растеглива материја. Сензитивноста на глутен е дефинирана како повлекување на симптомите по елиминирање на храната која го содржи глутенот.

Што е глутен? 3 показатели дека можеби треба да се тестирате за сензитивност

Еве кои показатели можат да ви помогнат да препознаете дали вашиот организам е чувствителен на глутен:

  • Хронични гастроинтестинални симптоми. Тоа вклучува тешка или рекурентна дијареа, губење на телесна тежина, абдоминална дистензија и надуеност.
  • Дефицит на железо, фолати или витамин Б12. Бидејќи не третирањето на оваа состојба може да доведе до влошување и прогресивно однесување на целијачната болест, а со тоа и оштетување на одредени делови од интестиналниот систем каде се врши абсорпција на овие материи, нивниот дефицит укажува на можно постоење на болеста.
  • Фамилијарна историја. Дури и кога се чувствуваат асимптоматски, најблиските роднини од прво „колено“ треба да се тестираат на сензитивност на глутен и да знаат дали се предиспонирани на целијачна болест или сензитивност на глутен, доколку е веќе дијагностицирана кај близок член од семејството.

Голем број луѓе присвојуваат навики на самодијагноза и без да се сигурни во однесувањето на својот организам се одрекуваат од одредена храна, навики и слично. Дополнително повелете 10 знаци кои укажуваат на интолеранција на глутен, прочитајте ги и доколку забележите дека хронично се појавуваат некои од наведените показатели, најдобро е да посетите лекар и да се консултирате за дијагнозата, лекувањето и исхраната.

Сподели: