10 знаци дека имате интолеранција на глутен

10 знаци дека имате интолеранција на глутен

Повеќе од 55 болести се поврзани со протеинот наречен глутен, кој го има во пченицата, ‘ржот и јачменот, а проценето е дека 99% од луѓето кои имаат интолеранција на глутен или целијачна болест не се дијагностицирани.

Токму поради тоа проверете дали можеби и вие имате некој од знаците кои укажуваат на здравствени промени во организмот од ваква природа, бидејќи при нивно често појавување постои веројатност дека може да сте интолерантни на глутен, а тоа е проблем кој може да се реши прилично лесно со одредени промени во исхраната.

10 знаци дека имате интолеранција на глутен

Ако имате некој од следните симптоми, постои веројатност дека е знак за интолеранција на глутен, а еве кои се тие:

  1. Дигестивни нарушувања како што се гасови, надуеност, дијареа, па дури и запек, кој посебно се манифестира кај децата кои се интолерантни на глутен, а сепак го јадат.
  2. Keratosis pilaris или повеќе познато како „кокошкина кожа“. Најчесто се појавува на задната страна на рацете, како резултат на дефициенција (недостаток) на масни киселини како прва причина, придружена од недостаток на витамин А, кој пак се јавува поради лоша апсорпција на витаминот А, кој е растворлив во масти.
  3. Чувство на замор, неможност за јасно размислување или замор после оброк кој содржи глутен.
  4. Дијагноза на автоимуно заболување како што се проблеми со тиреоидната жлезда, ревматоиден артритис, улцеративен колитис (чиреви), лупус (црвени воспаленија на кожата), псоријаза (црвени воспаленија покриени со суви бел слој), склеродерма (хронична болест на сврзното ткиво која ја „затегнува“ кожата) или мултипла склероза.
  5. Невролошки симптоми, како вртоглавици или неурамнотеженост.
  6. Хормонска нерамнотежа како ПМС, синдром на полицистични јајници или необјаснета неплодност.
  7. Мигренозни главоболки.
  8. Дијагностициран хроничен замор или фибромиалгија. Овие дијагнози укажуваат дека вашиот матичен лекар не може да ја одреди причината за заморот или болката која ја чувствувате.
  9. Воспаление, оток или болка во зглобовите на прстите, колената или колковите.
  10. Променливо расположение, анксиозност, депресија, потреба за посебно внимание од останатите.

Сподели: