Што мислат нутриционистите за свинското месо? Дали и колку го препорачуваат?

Што мислат нутриционистите за свинското месо? Дали и колку го препорачуваат?

Сте слушнале ли за терминот „нутритивна густина“? – Означува количина или вредност на храната, гледано преку спектарот на хранливост. Не е доволно храната да е само „чиста“, „немасна“, „зелена“, за да е добра за човечкото тело. Па, да погледнеме низ перспективата на хранливиот објектив. Што мислат нутриционистите за свинското месо?

Во последно време во мода е трендот да се јаде растителна и само растителна храна, затоа што се смета за повеќе етички, повеќе одржливо и во одредени насоки подобро за здравјето. Но, иако има многу обожаватели на овој тренд, не сите се согласуваат дека животинската храна треба да е исклучена во потполност. Токму затоа, а со оглед на навиките во нашата земја, традиционално и во најголема мера да се консумира свинското месо, решивме да истражуваме и да дознаеме за различностите во мислењата на повеќе нутриционисти.

Што мислат нутриционистите за свинското месо? Дали и колку го препорачуваат?

„Претставува висок извор на протеини и е богато со многу витамини, па немасно свинско месо може да биде одличен составен дел и во здрава исхрана“ – вели Атли Арнансон, докториран нутриционист, во своето излагање за healthline.com чиј тим објавува научно докажани факти.

Во една од неделните колумни на лиценцираната нутриционистка Нони Де Лонг, таа дава свој осврт за нутритивните придобивки од месото воопшто и неговото влијание врз здравјето. Во истата, таа зборува и за придобивките од свинското месо: „Иако црвеното месо е доста осудувано од бројни нутриционисти, нутритивно е многу богато. Свинското, како и телешкото, содржи многу есенцијални минерали и есенцијални амино киселини, што значи е важен комплетен протеин за невротрансмитерите, ензимите и клеточната функција. Содржи хем железо, кое најлесно се апсорбира и и искористува од телото. За свинското месо, важи истото што и за телешкото – содржината на масти зависи од избраното парче, а степенот на здравствени придобивки кој ќе го искористите, зависи од начинот на подготовка. Да не се пресолува, да не се јаде сурово, но и да не се гори при подготовката, затоа што тогаш губи од хранливата вредност. Ако не го избегнувате од религиозни или други слични причини, свинското месо е нутритивно „густа“ храна која повремено е добро да се консумира.“ 

Совет плус од нашето нутриционистичко истражување:

За максимално искористување на придобивките и избегнување на потенцијалните негативни ефекти како влијание врз крвниот притисок или да не биде предиспозиција за дијабетес, канцер или лош имун одговор, свинското месо не треба да се препекува, ниту да се пресолува и треба да се јаде умерено или 2 до 3 пати неделно. 

Погорниот совет од нас го потврдува и Асаф Куриа – нутриционист и специјализиран за безбедност на храна во својот артикл за eatthis.com, каде вели „консумирањето на високо квалитетна храна како немасно свинско месо, со акцент на следново: правилно зготвено, на телото може да му обезбеди бројни здравствени придобивки.  

Неговото тврдење го надополнува и медицински одобрената статија на Варша Патнаик, која свинското месо го посочува како одличен извор на протеин и железо кое е поповолно за абсорпција од човечкото тело, споредено со растителните извори. Свинското исто така е добар извор на важни минерали како селен, фосфор, цинк и витамините од Б групата (Б1, Б2, Б3, Б5, Б12), кои се неопходни за функција на мозокот и формирање на крвните клетки. Што е интересно, парче свинско месо е побогато со тиамин (Б1) витамин, споредено со јагнешко и говедско.  

Ако сте љубител на свинско месо, а и да ви помогнеме да разграничите, го споделуваме размислувањето на Јулиа Зимпано – регистриран диетичар, од излагањето за Кливленд клиниката. Таа објаснува дека ако изберете немасно црвено месо во кое спаѓа и свинското (бојата доаѓа од количината на миоглобин во животинскиот мускул, кога е изложен на кислород), може да уживате во неговите придобивки без штетно влијание. Предлага да се отстранат сите видливи масти од парчето, а пред се, да се избира при купувањето удина која е квалитетна и немасна, како на пример свинско филе.

Што мислат нутриционистите за свинското месо? Дали и колку го препорачуваат?

Што е нашиот заклучок на крај?

Ако изберете добро немасно парче свинско месо и правилно го подготвите, свинското месо нутриционистите го сметаат за корисен протеин кој е одлична алтернатива за пилешко или риба, и храна која не содржи јаглени хидрати ако не е комбинирана со разни сосови и додатоци или ако не е подложено на индустриска преработка. Дали ние го одобруваме? – Ако ги запазувате препораките, да!

Ви препорачуваме да прочитате: Печено свинско каре со сланина.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: