Грчеви - отстранете ги брзо и едноставно 1

Грчеви – отстранете ги брзо и едноставно

Грчевите можат да бидат многу неугодна и честа појава. Обично се јавуваат после вежбање или ако телото ни било во некоја неугодна и болна позиција. Па, еве неколку совети како да се ослободите од непријатните грчеви на природен начин.

Има разни причини поради кои може да се појават. Дехидратација, преоптеретеност на мускулите, умор, стрес итн. Ако пак имате грчеви при спиењето, тогаш причината може да е поради некакви проблеми со нервниот систем, а мускулите да ви испраќаат сигнали за да ве алармираат.

Грчеви - отстранете ги брзо и едноставно 2

Што можете да направите ако ве „фатат“ грчеви?

Прва помош за грчот да попушти е топлата облога. Ставете сува крпа која претходно сте ја загреале или употребете термофор на болното место, исто така може да помогне. Облогата немојте да ја држите подолго од 20 минути. Топлата купка, или долготрајно туширање со топла вода е корисно исто така. За уште подобар ефект додајте половина шолја горка сол во купката. Магнезиумот кој го содржи во својот состав, помага за релаксација и опуштање од болката.

Едно од важните нешта кои треба да ги знаете, е дека треба да го пронајдете епицентарот на болката. Силно притиснете го со палецот и држете така 10-тина секунди. Сте постапиле соодветно ако почувствувате неугодност, но не и остра болка. По неколку повторувања, грчевите би требало да се повлечат.

Ниското ниво на електролити во крвта, односно ниското ниво на калиум, натриум, калциум и магнезиум, може да биде честа причина за грчеви. Ако често ви се случуваат, пробајте да ја збогатите исхраната со целожитни намирници, јаткасти плодови, мешунки, банани, портокали, дињи и секако млечни производи.

Доколку пак имате чести грчеви при вежбање, пијте по 2 чаши вода пред тренинг и по половина чаша вода на секои 15 минути од тренингот.

Ви препорачуваме да прочитате: Природни лекови против грчеви во нозете.

Сподели: